ОДНОСОТ ПОМЕЃУ ВЕШТИНИТЕ ЗА ЖИВОТ И СОЦИЈАЛНОТО ПРИСПОСОБУВАЊЕ КАЈ СТУДЕНТИ СО ОШТЕТУВАЊЕ НА СЛУХОТ: ИМПЛИКАЦИИ ЗА СОВЕТУВАЊЕ
Клучни зборови:
Вештини за градење на животот, социјална приспособеност, ученици со нарушен слухАпстракт
Вовед: Нарушувањето на слухот има голем придонес врз социјалните и психолошките дефицити на лицата кои имаат вакво нарушување, што може да влијае и врз нивните интерперсонални врски. Неможноста да се слуша и потоа ефективно да се комуницира на крајот резултира со приспособување кон овој проблем што води до социјална изолација.
Цели: Целта на ова истражување е да се истражи врската помеѓу вештините за оформување на животот и социјалното приспособување на ученици кои имаат нарушување на слухот
Методи: Истражувањето го вклучува дескриптивниот начин на анкетно истражување. Примерокот се состои од 150 ученици кои имаат нарушување на слухот, намерно одбрани од две инклузивни училишта во Лагос, Нигерија. Во примерокот беа опфатени 65 машки деца и 85 женски деца на возраст од 15 до 18 години кои учат во средни училишта. Инструментите кои беа употребени за собирање податоци беа Вештини за оформување на животот (приспособено) со сигурност од 0,80 и Скалата за социјална приспособливост (саморазвиена). Инструментите се состоеја од два оддели, имено: А и Б. Одделот А кој се однесува на Вештините за оформување на животот, содржеше биоподатоци за испитаниците, додека Одделот Б содржеше 3 потскали: Листа на самоделување приспособен од Шварцер и Јерусалим од 1995 година со сигурност од 0,85, Листа за донесување одлуки приспособен од Роу од 1997 година со сигурност од 0,75, Листа за самодоверба приспособен од Алберти и Емонс од 1995 година со сигурност од 0,80. Самосоздадената Скала за социјална приспособеност содржи 10 делови со испитувачки прашања и има сигурност од 0,69. Собраните податоци беа анализирани со употребата на Пирсонова корелација и мултипна регресија.
Резултати: Со помош на резултатите се утврдија релативните придонеси од некои од вештините за оформување на животот врз социјалната приспособеност на учениците кои имаат нарушување на слухот. Се постигнаа меѓусебни придонеси од независните варијабли со зависните варијабли, додека најмногу придонесе донесувањето на одлуките.
Заклучок: Ова истражување ја проучува врската помеѓу вештините за оформување на животот и социјалната приспособеност на учениците кои имаат нарушување на слухот со цел да се обезбедат соодветни советодавни служби. Беше утврдено дека постои врска помеѓу вештините за градење на животот и социјалната приспособеност на учесниците што тогаш бара активни советодавни служби во рамките на училиштата.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2017 Самуел О. Аденији

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
