УНИВЕРЗИТЕТСКИОТ УЧЕБНИК “ОБРАЗОВЕН МЕНАЏМЕНТ" ОД ПРОФ. Д-Р ТРАЈАН ГОЦЕВСКИ ПРЕВЕДЕН ВО СТРАНСТВО

Автори

  • Кирил ТЕМКОВ Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje, Skopje, Macedonia

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Апстракт

Во првите броеви од претходната серија на “Дефектолошката теорија и практика" пишувавме за учебникот на проф. д-р Трајан Гоцевски “Образовен менаџмент", кој излезе во 1997 година. Тогаш мошне позитивно ја оценивме идејата, потребата и квалитетот на овој учебник. Деновиве се потврдени нашите ставови за високите вредности на ова дело со неговото второ, дополнето и редактирано издание (изд. “Македонска ризница", Куманово), како и со објавувањето на ова дело на бугарски јазик (изд. Универзитетско книгоиздателство, Софија). Ова е прв наш универзитетски учебник што се објавува во странство. Учебникот го привлекува вниманието на академските кругови за користење во специјалистичките истражувања и студии како прва научна книга за оваа проблематика во нашиот регион.
Менаџерството е незаобиколив факт на новите процеси во човештвото. За нашата епоха се карактеристични новите феномени на знаењето, технологијата, иницијативноста и на организацијата, со што се постигнува успех во дејствувањето. Менаџерството е синтеза на овие четири видови човечки настојувања и активности. Тоа ги проникнува сите сфери на човечкото дејствување. Поради тоа менаџерството е предмет на многубројни истражувања. За него се расправа во многу научни и популарни дела, кои овозможуваат ширење свеста за суштината и унапредување на менаџерските дејства. На овие проблеми им е посветена и книгата на проф. д-р Трајан Гоцевски. Нејзините посебни својства се што во неа истражувањата и сознанијата се однесуваат на еден особен аспект на човечкото дејствување-на образованието, науката и културата, како мошне значајни, развиени и нужни сегменти на современото живеење.
Со добра организација на работата се постигнуваат подобри резултати. Тоа е суштината на менаџерската идеја и идеал. За таа цел се нужни сообразни методи, иновации и интересни решенија. Менаџерството значи креативен пристап и искористување на знаењета и талентите на раководителите во секоја дејност. Станува збор не само за продуктивен економски фактор, туку и за првокласен културен елемент на денешниот светски развиток. Меѓутоа, основното значење на економските дејности за човештвото и улогата на менаџерите за добрите економски резултати прикриваат да се согледа во целосна смисла сложениот и раширен феномен на менаџментот. За креативното раководење во другите општествени сфери има помалку истражувања и визии. Тој поширок аспект на приодот кон менаџерството успешно го пополнува студијата на проф. д-р Трајан Гоцевски, доктор по економија, професор и декан на Филозофскиот факултет во Скопје, прв цивилен министер за одбрана на Република Македонија, автор на 40 научни дела. Оваа обемна книга, напишана од еден од најпознатите раководители во нашата држава, истовремено е и прва специјалистичка студија за организацијата на образованието како најголемо современо претпријатие и за раководењето во него.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2004-09-30

Како да се цитира

УНИВЕРЗИТЕТСКИОТ УЧЕБНИК “ОБРАЗОВЕН МЕНАЏМЕНТ" ОД ПРОФ. Д-Р ТРАЈАН ГОЦЕВСКИ ПРЕВЕДЕН ВО СТРАНСТВО. (2004). Дефектолошка теорија и практика, 5(3-4), 141-146. https://doi.org/10.2478/

Најчитани трудови од истиот автор(и)