ОБЉУБА ВРЗ НЕМОЌНО ЛИЦЕ, КРИВИЧНО ПРАВНИ, СОЦИЈАЛНИ И ТЕРМИНОЛОШКИ АСПЕКТИ
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Клучни зборови:
сексуално злоставување, немоќно лице, обљуба, кривичен законАпстракт
Обљуба врз немоќно лице всушност, е насловот на членот 187 од КЗ на Република Македонија. Тоа е дел од големиот научно-истражувачки проект за сексуалната делинквенција во нашата држава. Примарна цел на проектот беше да се опишат карактеристиките на сторителите на сексуалните злоставувања, кои со правосилна судска пресуда беа сместени во казнено-поправните установи. За таа цел беа испитани 59 сторители, кои во критичниот временски период беа на издржување казна затвор. Покрај анализата на судските досиеја, беше употребен интервју, прашалник и батерија на тестови. Не беа детектирани значајни отстапувања од нормалната популација, во сите сегменти на испитаните црти на личноста, на испитаните сторители на ова кривично дело. Во целост беа потврдени резултатите од слични истражувања во светот. И покрај објективните тешкотии за испитување на последиците од ова дело врз жртвите, се заклучи дека тоа има длабока травматска димензија. Очигледна беше потребата од понатамошни испитувања со вклучување на поголем број експерти од различни научни дисциплини.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2004 Крсте Маљановски

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
