ПРИСУСТВО НА АДЕНОИДНИ ВЕГЕТАЦИИ НАЗАЛЕН ГОВОР И НАМАЛУВАЊЕ НА СЛУХОТ ВО РЕЛАЦИЈА СО СЕКРЕТОРЕН ОТИТИС МЕДИА ВО ДЕТСКАТА ВОЗРАСТ
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Клучни зборови:
аденоидни вегетации, назален говор, секреторен отитис медиаАпстракт
Студијата опфаќа 68 деца со секреторен отитис медиа. Кај децата се присутни аденоидни вегетации, назален говор, кондуктивно намалување на слухот, пореметена вентилација на Евстахиевата туба. Кај сите деца е индицирана аденоидектомија.
38 момчиња и 30 девојчиња на возраст од 3-17 години се поделени во две групи:
- 29 деца без хипертрофични аденоидни вегетации,
- 39 со присутни хипертрофични аденоидни вегетации.
Хируршкиот третман се состоеше во поставување на вентилациони цевчиња и аденоидектомија таму каде што имаше хипертрофични аденоиди.
Клиничкиот материјал беше анализиран спрема прагот на слухот, состојбата на средното уво проценета со тонална аудиометрија и тимпанометрија пред и после третманот.
Резултатите укажаа дека аденоидектомијата во комбинација со вентилациони цевчиња го забрзува санирањето на секреторниот отит како и намлувањето и оштетувањето на слухот. Тоа овозможува навремена реставрација на слушната функција која е важен предуслов за развиток на јазикот, социјалниот, емотивниот и академскиот развиток на децата.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2004 Габриела Копачева

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
