ПРОЕКТ ВО РАМКИТЕ НА ЕРАЗМУС+ ПРОГРАМАТА „ПРИСТАПНИ ТЕХНОЛОГИИ ЗА МЕНАЏИРАЊЕ НА УЧЕЊЕТО“
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Апстракт
Во 2018 година Филозофскиот факултет во Скопје за првпат доби проект во рамките на програмата Еразмус+, при што ја имаше улогата на координатор на проектот. Основната цел е развивање систем за менаџирање на учењето во хуманистичките и општествените науки, кој ќе биде пристапен за лицата со попреченост. Покрај Филозофскиот факултет како координатор, проектот се реализира во партнерство со Универзитетот во Авeиро, Португалија, Универзитетот „Витаутас Магнус“ во Литванија и Европскиот тренинг центар од Копенхаген, Данска, станувајќи збир за клучна активност два, поточно соработка за иновација и размена на добри практики.
Водејќи се од главната цел, креирање на генерален модел на пристапен систем за менаџирање на учењето за областа на хуманистичките и општествените науки, проектот има пред себе поставено и други цели: креирање методолошка рамка за пристапен систем за менаџирање на учењето и избор на соодветен систем; конструирање и имплементација на пристапен софтвер за менаџирање со комплексна база на податоци за студентите со попреченост; креирање мобилна апликација за системот; креирање и онлајн спроведување на тренинг-модули за примена на системот за менаџирање на учењето за студентите со попреченост.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2018 Оливера Рашиќ-Цаневска

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
