ЗДРАВСТВЕНИОТ КВАЛИТЕТ НА ЖИВОТ КАЈ ЛИЦАТА КОИ СЕ ГЛУВИ ИЛИ ИМААТ ОШТЕТЕН СЛУХ

Автори

  • Аника С. СМЕИЈЕРС Department of Paediatrics, Leiden University Medical Centre, Leiden. The Netherlands
  • Мартина Х. ЕНС-ДОКУМ Медицински оддел, Кенталис училиште за глуви, Зотермер, Холандија
  • Бепие ван ден БОГАРД Оддел за студии на глуви, Универзитет за применети науки во Утрехт, Утрехт, Холандија
  • Ан Мари ОДЕСУЛУС-МАРФИ Факултет за хуманистички науки, Универзитет во Амстердам, Амстердам, Холандија

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Клучни зборови:

глув, оштетен слух, квалитет на живот, здравствена заштита

Апстракт

ЦЕЛ: Групите на пациенти и здравствени работници известуваат дека лицата кои се глуви или имаат оштетен слух (deaf or hard of hearing – DHH) – ГОС, имаат послабо здравје и добросостојба. Целта на ова истражување е да добие увид во здравствената состојба кај лицата кои се глуви или имаат оштетен слух во Холандија.

Методи: Физичкото и психичкото здравје на учесниците беше измерено со употреба на Бреф скалата за утврдување на квалитетот на животот, создадена од Светската здравствена организација (WHOQoL-BREF). Учесниците одговорија на прашањата од епидемиолошкиот прашалник и на прашањето за тоа каков модел на јазик тие најчесто употребуваат. Прашалниците и беа преведени во две верзии, знаковниот јазик на Холандија согласно со преведувачкиот протокол за напред-назад, писмена верзија и верзија на прашалникот направена на холандски јазик со кој се поддржува знаковниот јазик.

Резултати: Прашалниците беа пополнети од страна на 274 лица. И двете групи на глуви лица и оние коишто имаат оштетен слух, без оглед на возраста кога првпат започнало заболувањето, известија дека имаат послабо физичко здравје од нивните врсници кои немаат проблеми со слухот. Лицата со оштетен слух укажаа дека имаат повеќе психолошки тешкотии во споредба со контролната група.

Заклучоци: Значајно е глувите лица да бидат идентификувани како група на пациенти со посебни здравствени проблеми. Потребни се повеќе истражувања за природата и ефектите на посебните здравствени проблеми. Подигнувањето на поголема свест за овие здравствени проблеми меѓу глувите лица и нивните здравствени работници е есенцијално.

       

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2018-09-30

Како да се цитира

ЗДРАВСТВЕНИОТ КВАЛИТЕТ НА ЖИВОТ КАЈ ЛИЦАТА КОИ СЕ ГЛУВИ ИЛИ ИМААТ ОШТЕТЕН СЛУХ. (2018). Дефектолошка теорија и практика, 19(3-4), 51-68. https://doi.org/10.2478/

Слични трудови

1-10 од 132

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.