ЛИЦА СО ИНВАЛИДНОСТ: ПРОФЕСИОНАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА, ОСПОСОБУВАЊЕ И ВРАБОТУВАЊЕ

Автори

  • Ристо ПЕТРОВ Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje
  • Драгослав КОПАЧЕВ Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Апстракт

Во март 2007 година излезе од печат учебник под работен наслов „Лица со инвалидност: професионална ориентација, оспособување и вработување“ од проф. д-р Ристо Петров.
Учебникот е презентиран на 214 страници.
Темите опфатени во учебникот се современи, актуелни, јасно и документирано разработени. Тие претставуваат целина која ги презентира лицата со инвалидност и ја отсликуваат професионалната ориентација, оспособување и нивното вработување. Темите во целост се усогласени со предметот кој според ЕКТС студентите на Институтот за дефектологија го изучуваат во VI семестар.
Материјалот е структуриран во два дела: oпшт и посебен дел.
Во првиот, Општ дел, се разработени две целини. Во првата целина се обработуваат лицата со инвалидност, посебно лицата со оштетен вид и слух, телесно инвалидните лица и лицата со ментална ретардација и лицата со комбинирани пречки во развојот. Авторот укажува на дефиницијата, класификацијата, а повеќе се задржува на карактеристиките на овие лица, од аспект на нивните можности и способности за работно оспособување и вработување.
Во целина авторот зборува за Заштитата и рехабилитацијата на лицата со инвалидност. Дава сознанија, го дефинира поимот на рехабилитацијата и укажува на условите, принципите, методите и задачите во рехабилитацијата на лицата со инвалидност.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2007-03-31

Како да се цитира

ЛИЦА СО ИНВАЛИДНОСТ: ПРОФЕСИОНАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА, ОСПОСОБУВАЊЕ И ВРАБОТУВАЊЕ. (2007). Дефектолошка теорија и практика, 8(1-2), 61-62. https://doi.org/10.2478/

Најчитани трудови од истиот автор(и)