OСНОВИ НА ДЕФЕКТОЛОГИЈА од Горан Ајдински, Зоран Киткањ, Љупчо Ајдински

Автори

  • Кирил ТЕМКОВ Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Апстракт

Во оваа одлично концепирана книга сеопфатно и детално се изложени новите меѓународни до­ку­менти и стандарди, како и измените и но­ви­ните на нашата законска и правна регулатива во последните неколку години.­

Научниот труд освен што има голема улога во развојот на дефектолошката теорија и практика има и фундаментална улога за подготовка на ква­лификувани дефектолошки кадри. Покон­кре­тно, оваа книга, пред сè, е наменета за сту­ден­­тите на дефектологија, на кои им овозможу­ва да стекнат елементарни, основни познавања на оваа наука.­

Содржината на делото ги следи и новите тен­денции и трендови во светот за интеграција и социјализација на децата со пречки во развојот  во сите сфери на општеството. Ни дава распра­ва за интеграција на хендикепираните деца во редовниот систем на предучилишно, основно об­разование и здравствена заштита. Затоа кни­гата може да ни послужи како дополнител­на ли­тература за зголемување на професио­нал­ното ниво на учителите, воспитувачите, пси­хо­ло­зи­те, рехабилитаторите и научните работ­ници што работат во сферата на едукацијата и ре­хабилитацијата на децата со пречки во раз­војот.

Книгата има таква концепција што им овозмо­жу­ва и на родителите на овие деца да добијат основи сознанија и информации во нивната се­којдневна грижа и работа.

Овој учебник претставува сублимација на дол­го­годишен труд и макотрпна работа на автори­те и заслужува да се најде во библиотеката на секој дефектолог, како и на секој поединец кој на некој начин е засегнат со оваа проблематика. 

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Објавено

2007-03-31

Како да се цитира

OСНОВИ НА ДЕФЕКТОЛОГИЈА од Горан Ајдински, Зоран Киткањ, Љупчо Ајдински. (2007). Дефектолошка теорија и практика, 8(1-2), 59-66. https://doi.org/10.2478/