ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНИТЕ СТРАТЕГИИ
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Апстракт
Од 17 до 18 декември 2007 година во Собранието на Република Македонија се одржа Конференција од земјите на Југоисточна Европа на тема: Искуства од реализацијата на националните стратегии за изеднaчување на правата на лицата со инвалидност со коментар за нивното спроведување. На конференцијата зедоа учество: Република Македонија, Република Албанија, Република Бугарија, Република Црна Гора, Република Словенија и Република Србија. Беше најавено присуство од Република Хрватска и Република Романија, но од објективни причини не можеа да присуствуваат.
На конференцијата учествуваа претставници на Националниот совет од сите инвалидски организации, Министерот за труд и социјална политика г-н Љупчо Мешков, Претседавачот на интерпарламентарната лоби група од Собранието на РМ г-н Ратко Димитровски и Амбасадорот на Европската комисија во Македонија г-н Ерван Фуере.
Воведно излагање на Конференцијата за искуствата од реализацијата на Националната стратегија за изедначување на правата на лицата со инвалидност со коментар за нејзиното спроведување во РМ даде г-н Боге Чадиновски, член на Координативното тело за еднакви права на лицата со инвалидност во Република Македонија.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2007 Борислав Батиќ

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
