„ДЕНОВИ НА ДЕФЕКТОЛОЗИТЕ 2008“ - СРБИЈА
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Апстракт
Во организација на Друштвото на дефектолозите од Република Србија во периодот од 11 јануари до 15 јануари 2008 година беше одржана манифестацијата „Денови на дефектолозите 2008“, во местото Врњачка Бања.
Покрај широкото подрачје и опсежната проблематика со која се занимаваат дефектолозите, на оваа манифестација предност беше дадена на прашањата за:
· Модели на едукацијата и рехабилитацијата на лицата на кои им е потребна посебна општествена поддршка-од визија до реализација;
· Заедници на домување со поддршка на лицата со интелектуални нарушувања - иновативно-методолошки пристап.
Работата беше организирана по тематски области каде се зборуваше за актуелни проблеми, предлози за нивно решавање и заклучоци и работа по секции, каде се презентираа трудови од дефектолошката практика.
На оваа средба присуствуваа околу 700 учесници од просторите на бившите Југословенски републики. Преглед на состојбата на научните и практичните достигнувања од областа на дефектологијата во Република Македонија преку своите трудови дадоа:
· Лаура Ѓурчиновска (претставник од ПЗУ „Интегрин“) и Ристо Петров (професор при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, Филозофски факултет, Институт за дефектологија) со темата Живот во други семејства - нов квалитет во животот на децата со тешки интелектуални нарушувања, со која се укажува на правата и потребите на децата со посебни едукативни потреби да имаат семеен живот, надвор од институциите, па макар и да живеат со небиолошки родители.
· Владимир Трајковски (вонреден професор при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, Филозофски факултет, Институт за дефектологија) со темата Аутизам и гени, во која имаше цел да даде приказ на новите откриени гени и механизмите кои се во основа на етиопатогенезата на аутизмот.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2008 Оливера Рашиќ

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
