ПСИХОМОТОРНИОТ РАЗВОЈ КАЈ НЕДОНОСЕНИТЕ ДО КРАЈОТ НА ТРЕТАТА ГОДИНА ОД ЖИВОТОТ
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Клучни зборови:
недоносени со многу ниска родилна тежина, Грифитс-развојни скали, ГРК, развојни областиАпстракт
Кај недоносените психомоторниот развој има свои карактеристики но и можност од зголеменa тенденција за појава на невроразвојни проблеми, односно одреден процент од лицата со пречки во развојот корелира со оваа категорија на деца.
Многу фактори се поврзуваат со можноста за невроразвојни проблеми кај недоносените. Повеќе истражувања покажуваат дека родилната тежина и гестациската старост корелира со невроразвојниот исход.
Ние извршивме тестирање на наша популација, кај 20 недоносени со многу ниска родилна тежина. Истражувањето беше лонгитудинално, од 4-от до 36-от месец корегирана гестациска возраст. Се спроведе тестирање и следење на психомоторниот развој со цел утврдување на генералните развојни постигнувања и развојните постигнувања во одделни развојни области во раниот развоен период, односно првите три години од животот.
Од целокупното лонгитудинално следење може да се заклучи дека најголема разлика во развојните области помеѓу недоносените со многу ниска родилна тежина и контролната група имаме на крајот од 36-от месец и дека постојат значајно пониски генерални развојни постигнувања (ГРК) кај групата на недоносени во текот на целокупното следење, со исклучок на крајот од 4-от месец во однос на одделни развојни области. Утврдивме и дека 20% од недоносените со многу ниска родилна тежина имаат пречки во развојот, како и тешки пречки во моторниот развој.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2009 Валентина Дуковска

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
