НАРУШУВАЊА НА АРТИКУЛАЦИЈАТА НА ГЛАСОВИТЕ КАЈ ПРЕДВРЕМЕНО РОДЕНИ ДЕЦА
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Клучни зборови:
предвремено родено дете, испитување на артикулацијата на гласовите, нарушување на артикулацијатаАпстракт
Говорот и јазикот претставуваат добри индикатори на детскиот когнитивен развој. Факторите на ризик кои влијаат на развојот и функционирањето на предвремено родените деца се повеќекратни. Покрај нарушувањето во артикулацијата присутни се и моторни, когнитивни и социјални аспекти на забавен развој. Предвремено родените деца се раѓаат пред да бидат физички подготвени да ја напуштат матката. Повеќето бебиња родени по 26-тата гестациска недела имаат добри шанси за живот, меѓутоа немале доволно време комплетно да ги развијат органските системи, и имаат чести медицински компликации. Целта на нашето истражување беше да се прикажат основните параметри, да се утврдат разликите, да се дефинираат карактеристиките на нарушувањата на артикулацијата на гласовите кај термински родени деца и предвремено родени деца. Истражувањето е спроведено на Клиниката за детска хабилитација и рехабилитација во Нови Сад. Проспективно дизајнираната студија опфати 61 дете, а просечната старост изнесуваше 4 години. Главни критериуми за вклучување во истражувањето беа гестациската старост и породилната тежина. Во однос на овие параметри вклучени се деца без потешки невролошки и системски нарушувања чиј мајчин јазик е српски. Примерокот опфати 31 дете родени во терминот со ГС ≥ 38 недела и телесна маса при раѓањето ≥3000 г, додека групата на пред-термински деца опфати 30 деца со ГС ≤ 32 недела и телесна маса ≤1500г.
Резултатите покажаа дека постои разлика кај изразувањето на нарушувањата на артикулацијата на гласовите кај групaта деца родени во термин и дека таа разлика е статистички значајна кај дисторзијата на гласови. Во вкупниот примерок најмногу беше застапена супституцијата на гласовите со дисторзија, а најчест тип на дисторзија беше интерденталниот сигматизам.
Добиените резултати упатуваат на заклучокот дека предвремено родените деца, како деца родени со висок фактор на ризик поради повеќекратните фактори кои влијаат на развојот, потребно е да се следат веќе на возраст од две години и да се интервенира во раната предучилишна возраст.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2009 Весела Миланков

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
