АСФИКСИЈАТА И РАЗВОЈНИТЕ ПОСТИГНУВАЊА КАЈ ВИСОКО РИЗИЧНИТЕ НОВОРОДЕНИ

Автори

  • Валентина ДУКОВСКА Department of Intensive Care, PHI University Children’s Hospital, Skopje, Macedonia
  • Аспазија СОФИЈАНОВА Одделение за интензивна нега, ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести, Скопје, Македонија
  • Филип ДУМА Одделение за неврологија, ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести, Скопје, Македонија
  • Живко ЈУЗЕВСКИ Асоцијација за Когнитивна Бихејвиорална Психотерапија на Р. Македонија, Скопје, Македонија

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Клучни зборови:

асфиксија, HIE, деца родени со висок фактор на ризик, Грифитс развојни скали, развојнo постигнувањe

Апстракт

Асфиксијата е фактор на ризик кој многу често се поврзува со невроразвојните проблеми кај високоризичните новородени и подеднакво се јавува и кај недоносените и кај доносените. Меѓутоа ефектите кои ги има врз мозокот се различни кај зрелиот мозок споредено со ефектите кај прематурниот мозок.
Кај недоносените, асфиксијата најчесто предизвикува хеморагија или исхемија и појава на перивентикуларна леукомалација.
Кај терминските новородени, асфиксијата доведува до церебрален едем и до атрофија на мозокот, што подоцна доведува до хипоксично-исхемична енцефалопатија (HIE).
Бројот на преживеани термински новородени со HIE е понизок во споредба со преживеаните недоносени, додека процентот на деца со невроразвојни проблеми кај терминските новородени со  HIE  е поголем. Кај недоносените како резултат на оштетувањето на мозокот се јавуваат повеќе проблеми во моторниот развој, а кај доносените доаѓа до појава на енцефалопатија и нешто поголемо засегање на когнитивните способности.
Спроведовме истражување со цел да го докажеме влијанието на асфиксијата врз развојните постигнувања кај децата родени со висок фактор на ризик. Во нашето истражување врз 30 новородени со висок фактор на ризик спроведовме лонгитудинално развојно следење и проценка на развојните постигнувања со примена на Грифитс развојни скали, од 4-от месец до крајот на 36-от месец. Прво увидовме дека децата родени со висок фактор на ризик навистина покажуваат пониски развојни постигнувања во текот на целиот период на следење во однос на контролната група. Понатаму истражувањето покажа дека асфиксијата прави разлика во развојните  постигнувања помеѓу недоносените со многу ниска родилна тежина без асфиксија, недоносените со асфиксија и доносените со HIE-II.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2010-03-31

Како да се цитира

АСФИКСИЈАТА И РАЗВОЈНИТЕ ПОСТИГНУВАЊА КАЈ ВИСОКО РИЗИЧНИТЕ НОВОРОДЕНИ. (2010). Дефектолошка теорија и практика, 11(1-2), 25-38. https://doi.org/10.2478/

Слични трудови

1-10 од 61

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.

Најчитани трудови од истиот автор(и)