3ТИ ДЕКЕМВРИ – МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ХЕНДИКЕП
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Апстракт
Верни на традицијата и оваа година меѓународниот ден на лицата со инвалидност беше достојно одбележан на Филозофскиот факултет, во организација на Институтот за дефектологија. Манифестацијата започна со ликовна колонија во која учество зедоа децата од посебните основни училишта. Во неа децата преку цртање и изразување имаа можноста да се забавуваат, дружат и секако да го привлечат вниманието на присутните преку истакнување на своите можности и способности.
Во официјалниот дел од манифестацијата свое обраќање имаа деканот на Филозофскиот факултет, проф. д-р Горан Ајдински, раководителот на Институтот за дефектологија доц. д-р Зоран Киткањ и Министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами. Во рамките на своите обраќања, говорниците зборуваа за тоа што досега се реализирало во рамките на воспитно-образовниот процес на лицата со инвалидност, за институционалната и вонинституционалната заштита која им се обезбедува на овие лица, за законските регулативи кои ги штитат правата на лицата со инвалидност, но и идните планови и активности кои мора да се преземат со цел да се унапреди целокупниот третман кон овие лица.
Од страна на проф. д-р Љупчо Ајдински беше доделена наградата за студент на генерацијата на Институтот за дефектологија за 2005-2009 година, која оваа година и припадна на Христина Митрева. Културно забавниот дел беше успешно реализиран од страна на учениците од ПОУ „Св. Климент Охридски“ од Ново Село, Струмичко.
До наредното одбележување на овој ден ни останува обврската постојано да работиме кон подобрување на едукативниот, клиничкиот и социо-економскиот дел на рехабилитацијата и создавање на услови за што поголемо вклучување на лицата со инвалидност во сите сфери на општеството.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2011 Ангелка Велкоска

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
