МЕЃУНАРОДЕН НАУЧНО-СТРУЧЕН СОБИР НА ТЕМА: ИНКЛУЗИВНО ОБРАЗОВАНИЕ - СОСТОЈБА И ПРЕДИЗВИЦИ

Автори

  • Горан ПЕТРУШЕВ Association of Special Educators and Rehabilitators of R. Macedonia

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Апстракт

Научно-стручниот собир беше реализиран во периодот од 17 - 19 мај, во хотелот Сириус во Струмица.  Организатори на овој собир беа:
1.   Сојузот на дефектолози на Република Македонија;
2.   Министерството за образование и наука на Република Македонија;
3.   Филозофскиот факултет - Институт за дефектологија.
Собирот беше организиран со цел:
1.   Да се презентираат развиени системи на инклузивно образование;
2.   Да се согледа состојбата во процесот на инклузивното образование во  Република Македонија од аспект на засегнатите страни од процесот;
3.   Да се согледаат предизвиците со кои треба да се соочи Република Македонија во насока на унапредување на инклузивното образование на децата со посебни образовни потреби во предучилишните, основните и средните образовни установи.
Целите на овој собир беа реализирани преку низа научно-стручни излагања и плодни дискусии на четири теми поврзани со успешноста на инклузивното образование.
Општиот заклучок од презентациите на трудовите како и од дискусиите на тркалезната маса е дека инклузивното образование во Р. Македонија во моментот се разгледува како изолиран  процес кој ги засегнува само стручните работници и децата со посебни образовни потреби.
За унапредување на овој процес инклузивното образование на децата со посебни образовни потреби треба да се разгледува како социјална промена во која треба да се вклучат сите засегнати страни од процесот на инклузија.
За таа цел потребни се промени во:

  1. системот на планирањето, оценувањето и евалуацијата на воспитно-образовната работа со оваа група ученици;
  2. системот на менаџирање на инклузивното образование во РМ;
  3. системот на мултидисциплинарниот пристап, како и во
  4. системот на  проценка, оценка и идентификација на децата со посебни образовни потреби.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2012-09-30

Како да се цитира

МЕЃУНАРОДЕН НАУЧНО-СТРУЧЕН СОБИР НА ТЕМА: ИНКЛУЗИВНО ОБРАЗОВАНИЕ - СОСТОЈБА И ПРЕДИЗВИЦИ. (2012). Дефектолошка теорија и практика, 13(3-4), 123-126. https://doi.org/10.2478/

Најчитани трудови од истиот автор(и)