ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАУЧНО-СТРУЧЕН СОБИР
ДОИ:
https://doi.org/10.2478/Апстракт
По успешната организација на минатогодишниот меѓународен Симпозиум за рана интервенција и развојни нарушувања, Сојузот на дефектолози на Р. Македонија продолжува со своите активности во насока на унапредување на дефектолошката теорија и практика преку организација на стручни манифестации.
Имено, на состанокот на Претседателството на Сојузот одржан на 26. 12. 2011 година беше донесена одлука за организација на меѓународен научно-стручен собир на тема „Инклузивно образование – состојба и предизвици“. Освен Сојузот на дефектолози на Р. Македонија во организација на овој собир учествуваат и Министерството за образование и наука на Република Македонија и Филозофскиот факултет -Институт за дефектологија.
Научно-стручниот собир ќе биде организиран во периодот од 17 - 19 мај 2012 година, во Струмица. Овој собир има три главни цели и тоа:
- да се презентираат развиени системи на инклузивното образование;
- да се согледа состојбата во процесот на инклузивното образование во Република Македонија од аспект на засегнатите страни од процесот;
- да се согледаат предизвиците со кои треба да се соочи Република Македонија, во насока на унапредување на инклузивното образование на децата со посебни образовни потреби во предучилишните, основните и средните образовни установи.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2012 Горан Петрушев

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
