ПРОЦЕНКА НА САМОСТОЈНОСТА ВО ИЗВЕДУВАЊЕТО НА СЕКОЈДНЕВНИТЕ АКТИВНОСТИ И ПОТРЕБАТА ОД ОКУПАЦИОНА ТЕРАПИЈА КАЈ ЛИЦАТА СО МУЛТИПЛЕКС СКЛЕРОЗА

Автори

  • Оливера Рашиќ-Цаневска Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje

ДОИ:

https://doi.org/10.2478/

Клучни зборови:

мултиплекс склероза, це­реб­рална парализа, окупациона терапија, мул­ти­дис­циплинарен третман, самостојност, ин­декс на инвалидност, секојдневни ак­тив­нос­ти

Апстракт

Секој еден час некој човек ја добива ди­јаг­но­за­та мултиплекс склероза. Иако не е најчесто за­бо­лување, ниту пак најголема закана за чо­веш­твото, нејзиниот хроничен, варијабилен и не­пре­двидлив тек може да има разурнувачко вли­ја­ние врз сите оние што ја имаат ди­јаг­но­за­та или се грижат за некој што е заболен од мул­ти­плекс склероза.

Да се биде дијагностициран со мултиплекс скле­роза е инцидент, кој сам по себе носи го­ле­ми предизвици и промени во текот на жи­во­тот, особено ако станува збор за релапс и ег­за­цербации на симптомите. Во зависност од кли­ничкиот тек на заболувањето, неопходно е болните да се приспособат на но­во­на­ста­на­та­та  ситуација,  да  се  подложат  на  целосен мул­ти­дисциплинарен рехабилитациски трет­ман и да се направат соодветни адаптации на до­мот, со што во целина ќе се овозможи мак­си­мално искористување на преостанатите спо­собности на пациентите.

Основна цел на нашето истражување е да дадеме јасен приказ на заболувањето, утврдувајќи ги реперкусиите што ги пре­диз­ви­ку­ва врз животниот тек на болните, посебно на­со­чувајќи се на проценката на самостојноста во изведувањето на секојдневните активности и потребата од окупациона терапија кај лицата со мултиплекс склероза, знаејќи дека се соо­чу­ва­ат со проблеми во реализацијата на своите ос­новни задолженија и обврски.

Од основната цел на истражувањето произ­ле­гоа и основните задачи: да се детерминираат ви­довите на третман на кои билеподложени ли­ца­та со мултиплекс склероза во нашата ре­пуб­ли­ка, да се утврдат секундарните и тер­ци­јар­ни­те консеквенции од заболувањето, да се де­тек­тира начинот на изведување на се­кој­днев­ните активности и приспособувањата на домот, да се утврди потребата од ор­га­ни­зи­ра­ње на окупациона терапија и да се направи спо­редба во функционирањето на лицата со стек­ната (лица со МС) и лицата со вродена ин­ва­ли­дност (лица со церебрална парализа).

Примерокот на истражувањето беше при­го­ден, вклучувајќи ги субјектите со МС и ЦП дос­тапни на теренот и отворени за соработка. Беа опфатени 32 испитаници со мултиплекс скле­роза на возраст од над 18 години, од кои 12 машки и 20 женски и 25 испитаници со це­ре­брална парализа, на возраст од над 18 го­ди­ни и со сочуван интелект. Половата рас­пре­дел­ба на испитаниците од контролната група беше претставена со 11 машки и 14 женски ис­пи­та­ници.

Методолошката поставеност се темели врз ме­то­ди­те на структурална, дескриптивна и функ­цио­нална анализа, методот на генерализација и компаративниот метод, а како техники се при­менети анализата на документација, ска­ли­ра­ње­то и анкетата. За собирање на податоците упо­требен е прашалник составен од ком­би­на­ци­ја на неколку скали и индекси на проценка, при­ла­годени на специфичностите и ка­рак­те­рис­ти­ките на примерокот: Импакт-скала за мул­ти­плекс склероза (Multiple Sclerosis Impact Scale  MSIS-29), Бартелов индекс (БИ), Скала на рамнотежа по Берг, Прашалник за функ­цио­налниот статус (Functional status questionar - FSQ), Индекс на инвалидност и Индекс на ак­тивности според Frenchay (Frenchay Activities Index - FAI).

Добиените податоци беа групирани и та­бе­ли­ра­ни, а потоа обработени со примена на стан­дар­ден статистички програм SPSS 11 for WindowsXP, каде природата на обележјата ја на­метна примената на χ квадрат тестови (Пирсоновиот χ2 тест, Likelihood-ratio и Linear by linear асоцијација).

Анализата на резултатите ја потврдува нашата прет­поставка дека симптомите и текот на за­бо­лу­вањето влијаат врз ограничувањето на функ­ционалните способности на заболените, при­тоа редуцирајќи ја нивната самостојност во реа­ли­зирањето на активностите. Како резултат на зголемениот индекс на инвалидност, кој пра­во­линиски расте со порастот на годините, кај голем број испитаници беше забележана на­ма­лена фреквенција на изведување на ос­нов­ните животни ангажмани од доменот на до­мот, работните обврски и искористувањето на слободното време.

Компарирајќи ги резултатите на лицата со мул­ти­плекс склероза и контролната група беше забележано дека лицата со МС имаат по­го­лем проблем и тешкотии во соочувањето со за­бо­лувањето и прилагодувањетокон преос­та­на­ти­те способности, што доведува до пси­хич­ка бариера, апатија и повлекување од кул­тур­но-општествениот и социјален живот.

Врз основа на структурата на добиените рез­ул­та­ти може да се констатира дека неопходен е мул­­ти­дисциплинарен третман на заболените од мултиплекс склероза, кој ќе ја опфати це­ло­куп­­ната личност на болниот. Проблемите и теш­­ко­тиите во секојдневното функционирање, пак, ја наметнуваат потребата од ор­га­ни­зи­ра­ње и имплементирање на процесот на оку­па­ци­она те­ра­пија, со што ќе се зголеми степенот на са­мос­тојност и продуктивност кај лицата со МС.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2013-09-30

Како да се цитира

ПРОЦЕНКА НА САМОСТОЈНОСТА ВО ИЗВЕДУВАЊЕТО НА СЕКОЈДНЕВНИТЕ АКТИВНОСТИ И ПОТРЕБАТА ОД ОКУПАЦИОНА ТЕРАПИЈА КАЈ ЛИЦАТА СО МУЛТИПЛЕКС СКЛЕРОЗА. (2013). Дефектолошка теорија и практика, 14(3-4), 139-141. https://doi.org/10.2478/

Слични трудови

1-10 од 58

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.

Најчитани трудови од истиот автор(и)