МЕТОДОЛОГИЈА НА ПРЕДАВАЊЕ И ИСПРАШУВАЊЕ ЗА ЛИЦА СО ВИЗУЕЛНО ОШТЕТУВАЊЕ: СИСТЕМ ВО ИНДИЈА И ВО ЈАПОНИЈА

Автори

  • Ритвика ЛАСКАР Department of Education Alipurduar Mahila Mahavidyalaya West Bengal, India

Клучни зборови:

методологија на предавање, систем на испрашување, посебни училишта за слепи, Калкута, Токио

Апстракт

Вовед: Образованието на деца со посебни потреби е важно подрачје за истражување. Децата со посебни потреби имаат право на образование како и сите други луѓе. Во текот на годините, обезбедени се неколку одредби и закони што го поддржуваат образованието на деца со посебни потреби. Потребите и целите за учење на децата со визуелно оштетување не се разликуваат од оние на врсниците без нарушување на видот. Различни се само начините на постигнување на тие цели.
Цел: Целта на ова истражување е да се споредат распространетиот метод на предавање и системот за испрашување на ученици со визуелно оштетување, коишто учат во посебни училишта за слепи во Индија и во Јапонија.
Методологија: Истражувањето е разграничено на i) само слепи ученици и ii) посебни училиш¬та за слепи во Калкута и во Токио. Беше користена техника за одбирање примерок со цел за да се одберат 50 наставници (по 25 од посебните училишта во Калкута и во Токио). Истражувачот спроведе интервју со наставниците. Беше користен полуструктуиран прашалник за прибирање податоци, а податоците беа анализирани само квалитативно.
Сознанија: Методот на предавање на слепите ученици е сличен во Калкута и во Токио. Разлики се забележани главно во видот на употребените наставни средства. Во однос на системот за испрашување, беа забележани разлики во рамките на посебните училишта во Калкута. Сепак, во Токио сите посебни училишна следат униформен систем. Истражувањето откри дека во Калкута постои стриктен критериум ,помина/паднаʻ. Во Токио, од друга страна, не пости таков критериум.
Заклучок: Ова истражување е важно зашто не постојат многу компаративни студии меѓу Индија и Јапонија. Повеќето од компаративната истражувачка работа е спроведена или меѓу Јапонија и САД или меѓу Јапонија и ВБ. Ова истражување е спроведено главно за да се откријат разликите меѓу нација во развој и развиена нација. Бидејќи е развиена земја, се претпоставува дека може многу да се научи од Јапонија. Низ ова истражување беше направен обид да се открие дали оваа претпоставка е точна и ако е, до кој степен може да се имплементира и практикува системот во индиското сценарио.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2014-09-30

Како да се цитира

МЕТОДОЛОГИЈА НА ПРЕДАВАЊЕ И ИСПРАШУВАЊЕ ЗА ЛИЦА СО ВИЗУЕЛНО ОШТЕТУВАЊЕ: СИСТЕМ ВО ИНДИЈА И ВО ЈАПОНИЈА. (2014). Дефектолошка теорија и практика, 15(3-4), 111-127. https://journals.ukim.mk/index.php/jser/article/view/5093

Слични трудови

1-10 од 54

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.