ИНКЛУЗИВНО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА СЛЕПИ И СЛАБОВИДНИ УЧЕНИЦИ ВО СЛОВЕНИЈА
Клучни зборови:
инклузија, ресурсен центар, слепи и слабовидни ученици, компетенцииАпстракт
Вовед: Во последните години, сѐ повеќе се нагласува потребата за вклучување на децата со посебни потреби во редовните градинки и училишта во Словенија. Тоа посочува на потребата за менување на улогата на посебните училишта и установи за деца со посебни потреби и за нивна трансформација во ресурсни центри.
Методологија: Извршивме пилот-тестирање во ресурсен центар за поддршка на слепи и слабовидни деца. Вклучивме 15 образовни институции и по еден слеп или слабовиден ученик од секоја институција. Податоците беа собрани на почетокот на учебната 2010/11 и на крајот на учебната 2011/12. Во двата случаја беа употребувани истите инструменти, кои овозможија споредба на прибраните податоци.
Резултати: Резултатите покажаа напредок во развојот на компетенциите, ставовите и на компетенциите за рехабилитација на учесниците во студијата.
Дискусија: Резултатите ја потврдија ефикасноста на иницијално креираниот модел.
Со инвестирање во градењето на кадровскиот капацитет, очекуваме дека центарот ќе се здобие со признание и ќе го зголеми својот квалитет. На овој начин, ќе биде во можност да ја реализира својата развојноподдржувачка улога за децата со оштетен вид во Словенија.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2014 Франц Цанкар

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
