ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРОЕКТОТ ПРОГРАМА ЗА ЦЕЛОСНА СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА НА ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ВО НИВНИТЕ ЗАЕДНИЦИ

Автори

  • Јасмина Трошанска Macedonian Scientific Socitey for Autism, Institute for special education and rehabilitation Faculty of Philosophy, Skopje, Republic of Macedonia

Апстракт

Од февруари 2014 година, во временски период од една година, во четири општини во југоисточна Македонија се имплементираше проектот „Програма за целосна социјализација на деца со посебни потреби во нивните заедници“. Овој проект е финансиран од Европскиот инструмент за демократија и човекови права, одговарајќи на повикот за грантови од 2012 до 2013 година, а имплементиран од Фондацијата Аполонија од Гевгелија како водечка организација и Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА), како главен партнер.
Вкупниот буџет на проектот „Програма за целосна социјализација на деца со посебни потреби во нивните заедници“ е во износ од 83000€ од кои 77000 € се обезбедени од Европската Унија преку ЕИДХР, а придонесот на Фондацијата Аполонија е 6000 €. Општата цел на проектот е да се зголеми социјалната интеграција и развојот на децата со посебни потреби во 4 општини во југоисточниот регион.
Специфични цели:

  • да се зголеми капацитетот за работа со деца со посебни потреби на 320 учесници од 4 општини: наставници од 9 основни училишта, 7 градинки, родители, поединци и организации кои се занимаваат со оваа проблематика и млади лица;
  • да се зголеми капацитетот за работа со деца со посебни потреби преку 11 семинари;
  • сите ресурси и информации од семинарите да бидат достапни на веб-страницата за идно користење и поддршка;
  • зголемување на свеста, видливоста и прифаќањето на децата со посебни потреби како дел од училишниот систем и програмите на заедницата, промовирање на раното детектирање на сензорни проблеми во градинките, овозможување сензорна терапија за деца со посебни потреби, овозможување услови за рехабилитација на деца и младинци со посебни потреби.

Во рамките на проектот, во периодот од март 2014 до декември 2014 се одржаа 11 семинари за наставници од 9 основни училишта и неколку градинки, родители на деца со посебни потреби, дефектолози, стручни лица, поединци и организации кои се занимаваат со работа со деца со посебни потреби и млади лица. Вкупниот број на учесници во овие настани е над 400 лица. Оваа е листата на одржаните семинари/работилници и форуми:

  1. 17 и 18 март 2014 – Инклузија на деца со по­себни образовни потреби – Ма­ке­дон­ско научно здружение за аутизам;
  2. 11 април 2014 - Форум Аутизмот како ениг­ма - Џ. Киначи од Турција;
  3. 07 мај 2014 - Форум за аутизам - МНЗА;
  4. 12 и 13 мај 2014 – Едукативна под­дрш­ка, вовед во примена на теоријата Сен­зор­на интеграција - Центар за спе­ци­јал­на едукација и рехабилитација од Бел­град, Р. Србија;
  5. 12 и 13 јуни 2014 - Споделување на ис­кус­тва за практичната работа во сен­зор­на соба - МНЗА;
  6. 17 и 18 јуни 2014- Инклузија на децата со посебни потреби во училиштето и ре­ле­вант­ни статегии за применета би­хеј­вио­рална анализа (АБА) - едукативен цен­тар за аутизам Монороди од Атина, Р. Грција;
  7. 19 и 20 јуни 2014 – Учење на вербално од­не­сување на аутистични и други деца со посебни потреби, со лесни и умерени соз­на­јни говорни нарушувања – еду­ка­ти­вен центар за аутизам Монороди од Ати­на, Р. Грција;
  8. 23 и 24 септември 2014 – Основи на Арт- терапијата и примена кај деца со по­себни потреби - БААТ-ПИСЕЛ (Бу­гар­ско здружение на арт-терапевти) - Р. Бу­га­рија;
  9. 07 и 08 октомври 2014 - Семинар Тре­нинг на мозокот или Brain Gym - EDU-MOVEO здружение од Хрватска;
  10. 20 и 21 ноември 2014 - Семинар Мон­те­со­ри методот во работа со деца со по­себ­ни образовни потреби - Македонско здру­жение Монтесори и
  11. 11 декември 2014 – Примена на визуелни стра­тегии во работата со деца со по­себни потреби во училиште – МНЗА - Ма­ке­донско научно здружение за ау­ти­зам.

Со средствата од проектот, исто така, се оп­ре­­ми­ја 3 сензорни соби и тоа во основните учи­­лишта во Валандово, Дојран и Богданци и една терапевтска соба во рамките на Днев­ни­от центар за лица со посебни потреби во Гев­­ге­лија, во кои работно беа ангажирани тројца де­фектолози и еден физиотерапевт. Беа пред­видени и имплементирани 20 ак­тив­­нос­ти за промоција на социјалната инклузија на де­ца­та со посебни потреби во нивните заед­ни­ци, под мотото Ден во при­ро­даДен во при­ро­да е инклузивна програма на Фон­да­ци­ја­та Аполонија, наменета за сите деца каде се­ко­ја сабота и недела, деца на воз­раст од 6 - 12 години одат на излети во при­рода, и учат ра­боти поврзани со при­ро­да­та и како да ја заш­титат.
Во секоја општина вклучена во овој проект, беа одржани состаноци со родители на деца со посебни потреби и формирани групи за под­­дршка на овие родители.
Исто така, се креираше веб-страница за до­ку­ментирање и споделување информации во врс­ка со овој проект: www.socialinclusion.mk.
Во моментов проектот е во завршна фаза, се пра­ви евалуација и се пишуваат извештаи.
Спо­ред евалуационите листови од сите нас­та­ни, анкетните листови за наставниците и сен­зорните профили на децата, сите пред­ви­де­ни цели во најголем дел се остварени.
Со реализацијата на овој проект се ак­туе­ли­зи­ра­ше прашањето за социјалната вклу­че­ност на децата со посебни потреби во 4 ло­кал­ни заедници, и според остварените дис­ку­сии со лицата кои учествуваа во ак­тив­нос­ти­те, произлезе заклучок дека има реална пот­реба од вклучување на сите релевантни инс­титуции во изнаоѓање на системски ре­ше­ни­ја и сеопфатен пристап во подобрување на моменталната состојба со инклузијата на де­ца­та со посебни потреби. Потребно е кон­ти­нуирана едукација на кадарот кој работи во образованието, значи повторно спр­ов­еду­ва­ње на практични работилници за про­фе­сио­нален развој на наставниците и де­фек­то­ло­зите во насока на подобрување на трет­ма­нот на децата со посебни потреби во учи­лиш­та­та. Исто така, потребни се и вло­жу­ва­ња од страна на локалните власти во чо­веч­ки ресурси кои би работеле индивидуално на рехабилитацијата и подобрувањето на спо­собностите на децата со посебни пот­ре­би. Групите на родители и дефектолози во 3 оп­штини с¢ уште се обидуваат да обезбедат со­гласност од локалните општини и над­леж­ни­те министерства за вработување на двајца де­фекотолози и еден физотерапевт во сен­зор­ните соби во Валандово и Богданци и те­ра­певтската соба во Гевгелија. Се надеваме де­ка резултатите ќе бидат доволен мотив и пот­тик овие барања да бидат прифатени. Фон­да­цијата Аполонија и МНЗА ќе про­дол­жат со својот ангажман во насока на по­доб­ру­ва­ње на социјализацијата на лицата со по­себ­ни потреби.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2015-03-31

Како да се цитира

ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРОЕКТОТ ПРОГРАМА ЗА ЦЕЛОСНА СОЦИЈАЛИЗАЦИЈА НА ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ВО НИВНИТЕ ЗАЕДНИЦИ. (2015). Дефектолошка теорија и практика, 16(1-2), 130-133. https://journals.ukim.mk/index.php/jser/article/view/5085

Најчитани трудови од истиот автор(и)