ПРЕДАВАЊЕ ЗА ПОВТОРНО ПОВРЗУВАЊЕ ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА НОВ ВИД ШЕМАТСКА ТЕРАПИЈА ОД PAULA WEERKAMP – BARTHOLOMEUS

Автори

  • Филип ЈУРТОСКИ Macedonian Scientific Socitey for Autism, Institute for special education and rehabilitation Faculty of Philosophy, Skopje, Republic of Macedonia

Апстракт

На 14. 09. 2015 година во просториите на Филозофскиот факултет во Скопје се одржа предавањето на тема: „Повторно по-врзување – претставување на нов вид шематска терапија“. Предавањето беше реализирано под покровителство на Македонското научно здружение за аутизам. Преда-вањето започна во 10 часот со излага-њето на претседателот на МНЗА проф. д-р Владимир Трајковски кој срдечно ги поздрави присутните гости. Присутни беа 50 учесници меѓу кои имаше родители, професионалци од различни области и студенти. Тој ја претстави предавачката д-р Paula Weerkamp – Bartholomeus која е училиштен психолог.
Д-р Paula Weerkamp – Bartholomeus своето образование го стекнува во пос-ледните 26 години со интензивна работа и едукација на универзитетите во Холандија во областа на психологијата и специјалната едукација и рехабилитација.
Paula Weerkamp – Bartholomeus започна со своето излагање на тема „Повторно поврзување – претставување на нов вид шематска терапија“ што претставува мултимодален пристап за возрасни и деца кои страдаат од различни типови функционални оштетувања како и невропсихолошки дисфункции.
Овој третман покрај тоа што се користи како шема терапија, покажува ветувачка примена во третманот на лица со аутизам. Исто така третманот се упо-требува во различни полиња, како трет-ман за мозочни трауми, деменција, како и можноста за примена кај личности кои страдаат од психопатии.
Третманот нуди тренинг на когнитивните способности на засегнатата индивидуа притоа користејќи различни методи, со што третманот доста лесно се приспособува како за возрасни лица така и за деца.
Како примарно самиот третман започнува со стимулирање на мозочните клетки преку физички контакт, притоа овозможувајќи зголемено производство на хормонот окситоцин. За време на третманот со физички контакт се обезбедува зголему-вање и намалување на нивото на надраз-ливост. Физичкиот контакт овозможува самиот учесник да се ослободи од стресот и негативните мисли и кај него да се поттикне социјалната интеракција.
При третманот не само што се работи со децата, туку исто така се работи и со родителите кај кои е потребно да се постигне истиот ефект на контрола на надразливоста како и кај децата.
Многу од лицата со посебни потреби особено лицата со аутизам ги примаат дразбите само преку еден канал (аудитивен, визуелен, тактилен) во одредено време, но ја немаат развиено способноста за мултисензорна интеграција на дразбите, односно симултана обработка на информациите примени преку повеќе канали. Кога кај лицето со посебни потреби ќе се постиг-не оптимално ниво на надразливост, се започнува со мултисензорна стиму-лација за да се овозможи концептуално мислење и обработка на примените дразби.
Околу првата година од животот децата се способни кохерентните информации да ги концептуализираат. Кај лицата со аутизам оваа способност не е развиена. Тие ги обработуваат добиените информации фрагментирано (посебно) со што немаат способност да создадат кохерентна слика за самите себе, за другите и за светот околу нив.
Од досегашните истражувања утврдено е дека кај различни типови нарушувања добиени се различни резултати и е постигнат различен напредок, но за сите едно е заедничко, а тоа е дека постои подобрување во личниот развој кај индивидуата. Кај лицата со аутизам со користењето на одредени компоненти од овој третман се постигнуваат подобрувања во различни области од нивното функционирање.
По излагањето на Paula Weerkamp – Bartholomeus следеше дискусија. Диску-сијата беше интерактивна и проследена со голем интерес од гостите.
По завршувањето на дискусијата проф. д-р Владимир Трајковски го затвори предавањето со изразување благодарност до присутните гости за нивното учество, како и изразување благодарност до Филозофскиот факултет за отстапување на простории-те за предавањето. Тој изрази особено голема благодарност до предавачот д-р Paula Weerkamp – Bartholomeus и нејзиниот сопруг Frederick Bartholomeus кои несебично изразија желба на свој сопствен трошок да го овозможат ова предавање кое беше бесплатно и достапно за сите. Беше изразена голема благодарност за нивното несебично споделување на нивното знаење и иску-ство. Членовите на МНЗА искрено се надеваат дека оваа соработка со колегите од Холандија ќе се продлабочува и успешно ќе продолжи во иднина.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2015-09-30

Како да се цитира

ПРЕДАВАЊЕ ЗА ПОВТОРНО ПОВРЗУВАЊЕ ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА НОВ ВИД ШЕМАТСКА ТЕРАПИЈА ОД PAULA WEERKAMP – BARTHOLOMEUS. (2015). Дефектолошка теорија и практика, 16(3-4), 116-118. https://journals.ukim.mk/index.php/jser/article/view/5072

Најчитани трудови од истиот автор(и)