15 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА МАКЕДОНСКОТО НАУЧНО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА АУТИЗАМ

Автори

  • Филип ЈУРТОСКИ Macedonian Scientific Socitey for Autism, Institute for special education and rehabilitation Faculty of Philosophy, Skopje, Republic of Macedonia

Апстракт

Пред точно 15 години, на 22 мај 2000 година беше формирано Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА). Оттогаш па с¢ до денес МНЗА остава силен печат во сферата на подигнувањето на јавната свест, во овозможувањето помош на родителите и децата со аутизам, во формирањето на јавното мислење за проблематиката околу аутизмот, во огромниот придо-нес, особено од аспект на науката за ау-тизмот. Накратко кажано, остава своја трага не само во Република Македонија туку и во повеќе земји во регионот и пошироко со константна, трудољубива и научно поткрепена практика.
Денес МНЗА има 60 члена1 од кои нај-голем дел се високоедуцирани експерти кои во последните 15 години придонеле на најразличен начин во сферата на едукацијата, рехабилитацијата и третманот на лицата со аутизам. Главен индикатор за ова се објавените 50 и повеќе трудови2 во реномирани странски списанија, но и во наши домашни, македонски списанија, како што е Дефектолошка теорија и прак-тика.
Во изминатиот период се реализирани 11 проекти3 , од кои како позначајни би можеле да се издвојат:

  1. Серумски имуноглобулини и специ-фични алергени од храна кај лица со аутизам во Република Македонија;
  2. ХЛА – ДНК истражување кај семејства со аутизам во Република Македонија;
  3. Правата на лицата со аутизам;
  4. Епидемиолошка студија на лицата со аутизам во Република Македонија;
  5. Одредување на преваленцијата и ин-циденцијата на лицата со аутизам во Република Македонија;

На официјалната страница на МНЗА (http://mssa.org.mk/), достапни се различен тип информации4 за секој што сака да се информира и да дознае повеќе за работата и мисијата на МНЗА, како и за аутизмот.
Членовите на МНЗА имаат учествувано на повеќе од десетина семинари и конгреси во Република Македонија, но и во странство. МНЗА се јавува како организатор5 но и соорганизатор со други здруженија, институции, компании за семинари, конгреси и кон-ференции на коишто се обработуваат проблеми на полето за аутизмот. МНЗА има исто така организирано три јавни трибини6 за Даун синдром, со што го проширува своето поле на дејствување надвор од границите на аутизмот. МНЗА има организирано работилници за основните училишта за едуцирање на наставниот кадар за лицата со аутизам. Присуството на членови на МНЗА во медиумите7 е исто така забележително. МНЗА веќе 5 години, од 2010 па с¢ досега го одбележува 2 Април - Cветски ден8 за подигнување на јавната свест за аутизмот преку организирање јавни три-бини на кои учествуваат голем број уметници, музичари, како и голем број лица со аутизам. Претседателот на МНЗА проф. д-р Владимир Трајковски е автор на два учебника за аутизмот.
МНЗА за 15 години од основањето има оставено големо наследство што може многу лесно да се препознае, но мисијата9 на МНЗА не престанува, таа продолжува секој ден со с¢ поголемо вложување на членството, но и со научни достигнувања од областа на аутизмот.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2015-09-30

Како да се цитира

15 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА МАКЕДОНСКОТО НАУЧНО ЗДРУЖЕНИЕ ЗА АУТИЗАМ. (2015). Дефектолошка теорија и практика, 16(3-4), 116-118. https://journals.ukim.mk/index.php/jser/article/view/5071

Најчитани трудови од истиот автор(и)