САМОПОЧИТТА НА ГЛУВИТЕ И НАГЛУВИТЕ ВО СПОРЕДБА СО АДОЛЕСЦЕНТИТЕ БЕЗ ОШТЕТУВАЊЕ НА СЛУХОТ ВО СЛОВЕНИЈА – КОНТЕКСТ НА СОЦИЈАЛНИ И КОМУНИКАЦИСКИ ФАКТОРИ
Клучни зборови:
самопочит, глуви и наглуви адолесценти, адолесценти што слушаатАпстракт
Цел: Студијата се фокусира на самопочитта на глувите и наглувите (Г/НГ) адолес-центи и на адолесцентите со нормален слух (АС) во Словенија. Целта е компа-рација на самопочитта меѓу Г/НГ и АС во однос на статусот на слухот, возраста, полот и компарација меѓу Г/НГ адолесценти во однос на комуникацијата и образованието. Се претпоставува дека глувите и наглувите адолесценти имаат пониско ниво на са-мопочит од нивните врсници кои слу-шаат.
Методологија: Крајниот примерок беше составен од 130 адолесценти поделени во две групи со методот на еднакви парови: 65 Г/НГ и 65 АС, врз основа на полот, возраста, националноста и образовната програма. Феноменот на самопочитта беше измерен со Розенберговата скала за са-мопочит, којашто беше преведена и адаптирана на словенечкиот знаковен јазик (СЗЈ).
Резултати: Резултатите покажаа значајни разлики во самопочитта меѓу Г/НГ адолесценти и АС. Г/НГ адолесценти во просек имаат понизок степен на самопочит од АС. Постојат разлики во самопочитта во однос на полот, а исто така и возраста од 16 и 20 години.
Г/НГ адолесценти коишто го користат говорот или занковниот јазик во кому-никацијата имаат повисока самопочит од оние што го користат претежно знаковниот јазик. Г/НГ во редовните училишта имаат повисок степен на самопочит од оние вклучени во посебните училишта.
Дискусија: Постојат разлики во начинот на самоперцепцијата меѓу адолесцентите. Самопочитта може да биде значаен услов за задоволство во животот.
ЗаклучокГ/НГ адолесценти искусуваат пониско ниво на самопочит во споредба со врсниците што слушаат.
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2015 Дамјана Коговшек

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
