КОНФЕРЕНЦИЈА: ПОМОШ И ПОДДРШКА НА РОДИТЕЛИТЕ НА ДЕЦАТА СО АУТИСТИЧЕН СПЕКТАР НА НАРУШУВАЊЕ
Апстракт
Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА) ја заврши втората година од спроведувањето на проектот „Еднаквост и социјална инклузија преку позитивно родителство“ заедно со своите партнерски здруженија и универзитети од Велика Британија, Хрватска, Кипар и Белгија. Проектот уште од самиот почеток има цел да спроведе обуки кои се специјално наменети за родители на деца со аутизам и обработуваат теми кои родителите сами ги имаат одбрано во претходно спроведено истражување за нивните потреби за знаење од одредени специфични области од аутистичниот спектар на нарушувања (АСН). Досега се одржани пет обуки, а до крајот на проектот планирани се уште две обуки кои ќе бидат спроведени во Битола и најверојатно во Дебар. Како една од целите на проектот е одржување конференции во секоја држава партнер каде што се информира пошироката јавност за проектот и неговите достигнувања, како и кои методи и начини треба да се имплементираат за да се подобри состојбата на лицата со АСН и нивните семејства. Следната таква конференција ќе се одржи на 1 ноември во Музејот на македонската борба за самостојност и независност во Скопје и таа ќе биде пред сè наменета за родители на деца со АСН и професионалци од областа на АСН. Сите заинтересирани ќе можат да се пријават на е-поштата president@mssa.org.mk, или онлајн да пополнат Гугл формулар. На конференцијата ќе презентираат проф. д-р Дејвид Прис од Универзитетот во Нортхемптон од Англија, Рон Фортуна од организацијата Таргет аутизам од Англија, Анџела Капер од организацијата Таргет аутизам од Англија, Јулија Хардкејсл (родител) од Аутизам концерн од Англија, Анџела Винстанли од ААСП од Кипар, д-р Јасмина Трошанска, Филип Јуртоски и проф. д-р Владимир Трајковски од МНЗА од Република Македонија.
Бројката на предвидени учесници е проектирана на 120 лица. Во моментот на пишувањето на овој текст повеќе од половина од местата се веќе резервирани. Повелете ве очекуваме!
Превземања
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2017 Филип Јуртоски

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.
