ОДРЖАНА ЧЕТВРТА ОБУКА ЗА РОДИТЕЛИ ПРЕКУ ПРОЕКТОТ ЗА ПОЗИТИВНО РОДИТЕЛСТВО ESIPP

Автори

  • Филип Јуртоски Macedonian Scientific Socitey for Autism Institute for special education and rehabilitation Faculty of Philosophy, Skopje, Republic of Macedonia

Апстракт

Во текот на изминатите две години, МНЗА одржа три обуки кои беа наменети за родители на деца со АСН преку учество во Еразмус плус проектот „Еднаквост и социјална инклузија преку позитивно родителство“. Првите три обуки беа спроведени од колеги од Англија и Кипар во училиштата ПОУ „Златан Сремец“ и ПОУ „Иднина“ во Скопје. Четвртата обука се одржа во ПОУ „Маца Овчарова“ – Велес каде за првпат тренерите беа од Република Македонија. Обуката се одржа на 18 и 19 јуни, со почеток во 10 часот. Тренери кои ја одржаа обуката беа д-р Јасмина Трошанска, Ана Шикалеска и Филип Јуртоски. За време на обуката беа предадени шест модули кои обработуваат различни тематики за децата со АСН. Овие теми беа одбрани преку претходно извршено истражување чија цел беше да се открие кои модули би сакале да ги посетуваат родителите на деца со АСН, да дознаат повеќе и да го зголемат своето знаење за своите деца. Беа присутни тринаесет родители.
Обуката ја отвори проф. д-р Владимир Трајковски, им се заблагодари на родителите за нивниот интерес и присуство и го претстави проектот и неговите цели. Д-р Јасмина Трошанска започна со обуката и започна да го предава првиот модул под наслов „Вовед во аутистичниот спектар на нарушување“. По кратка дискусија и пауза, Филип Јуртоски започна со вториот модул од обуката „Разбирање и справување со предизвикувачкото однесување“, а потоа по кратка пауза, Ана Шикалеска ја заврши сесијата со модулот за „Справување со сензорната чувствителност“. За време на обуката, родителите покажаа голем интерес за истите, беа константно активни и отворени за дискусија и споделуваа свои сопствени искуства како помеѓу себе така и со тренерите. Првиот ден сесијата заврши во 15:30 часот. На 19 јуни започна втората сесија од обуката во 10 часот. Втората сесија започна со предавањето на д-р Јасмина Трошанска за модулот „Комуникација и нејзиното влијание врз однесувањето“, по што Филип Јуртоски продолжи со вториот модул за втората сесија „Позитивни пристапи кон социјалниот развој и интеракција“, додека втората сесија ја заврши Ана Шикалеска со модулот за „Значењето на визуелната структура и нејзината имплементација“. За време на дискусијата, родителите го искажаа своето задоволство од обуките и ја искажаа својата благодарност за спроведувањето на истите во Велес. Исто така, изразија желба да се спроведуваат што е можно поголем број обуки од овој вид бидејќи навистина имаат потреба и секогаш сакаат да дознаат повеќе за своите деца. Тимот на ЕСИПП им се заблагодари за нивниот интерес и за пофалните зборови кои беа упатени до целиот тим. Тимот им соопшти дека ќе се одржат уште две вакви обуки, но во различи градови и во ноември ќе се одржи конференција во Скопје на која се сите поканети.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2017-09-11

Како да се цитира

ОДРЖАНА ЧЕТВРТА ОБУКА ЗА РОДИТЕЛИ ПРЕКУ ПРОЕКТОТ ЗА ПОЗИТИВНО РОДИТЕЛСТВО ESIPP. (2017). Дефектолошка теорија и практика, 18(3-4), 126-127. https://journals.ukim.mk/index.php/jser/article/view/5024

Најчитани трудови од истиот автор(и)