ПРЕТСТАВЕНОСТА НА ВИДОТ НА ПОПРЕЧЕНОСТ, ЕТНИКУМОТ И ВОРАСТА И НИВНАТА ПОВРЗАНОСТ СО УЧЕСТВОТО ВО УЧЕБНИЦИТЕ

Автори

  • Моника РАЈЧЕНБЕРГ Department of Education and Special Education, University of Gothenburg

Клучни зборови:

попреченост, учебници, учество, различност

Апстракт

Вовед: Учебниците се од големо значење за инклузивното образование. Го истражував начинот на кој се претставени лицата со попреченост низ 30 различни учебници по историја, религија, граѓанско општество и биологија.
Цел: Целта на ова истражување е да се открие дали учебниците ги претставуваат различните видови попречености според возраста, етникумот и учеството во заедницата. Ова истражување го согледува прашањето: Дали учебниците ги претставуваат различните видови попречености, возраста и етникумот според нивното учество во заедницата? Во однос на терминот учество во заедницата, го разгледувам начинот на кој учебниците ги претставуваат лицата со попречености во однос на (а) секојдневни активности надвор од институциите. Вклученоста во одредени активности како спорт, вработување, гласање, протестирање, поминувајќи го времето со семејството или пријателите или (б) гледајќи ги само во активности вклучени во институции.
Методи: Истражував три хипотези во однос на претставувањето на видот на попреченоста, етникумот и возраста и како овие фактори се поврзани со учеството во заедницата. Добиените податоци ги анализирав, користејќи комбинација на квалитативно кодирање на содржината, како и квалитативно компаративна анализа (ККА).
Резултати: Иако во најголем број од учебниците се спомнува терминот попреченост, лицата со попреченост, сепак, во најголем дел од случаевите остануваат невидливи, и само во помалку од половина од истражуваните учебници, лицата со попреченост се претставени како активни учесници во заедницата.
Заклучоци: Прво, демонстрирам дека телесната инвалидност е поврзана со активно учество во заедницата. Второ, демонстрирам дека попреченоста е најчесто поврзана со етникумот. Трето, демонстрирам дека учеството на лицата со попреченост е поврзано и со млади, но и со стари возрасни групи.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Референци

Преземања

Објавено

2017-09-11

Како да се цитира

ПРЕТСТАВЕНОСТА НА ВИДОТ НА ПОПРЕЧЕНОСТ, ЕТНИКУМОТ И ВОРАСТА И НИВНАТА ПОВРЗАНОСТ СО УЧЕСТВОТО ВО УЧЕБНИЦИТЕ. (2017). Дефектолошка теорија и практика, 18(3-4), 72-90. https://journals.ukim.mk/index.php/jser/article/view/5022

Слични трудови

1-10 од 24

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.