ИЗГУБЕНИ НА БАЛКАНОТ: ЛОКАТИВНОТО ДИФЕРЕНЦИЈАЛНО МАРКИРАЊЕ ВО АРОМАНСКИТЕ ДИЈАЛЕКТИ
ДОИ:
https://doi.org/10.37834/JCP2581129wКлучни зборови:
Aромански дијалекти, диференцијално локативно обележување, јазичен контакт, балканизмиАпстракт
Феноменот на диференцијално локативно обележување (Haspelmath 2019), познат и како нулто обележување на просторните релации (Stolz et al. 2014), е карактеристичен за јазиците на Балканот. Примери за вакво диференцијално обележување се документирани во ароманските говори (Kramer 1981; Caragiu-Marioțeanu 1975) и во балканските јазици: грчкиот (Holton et al. 1997), македонскиот (Koneski 1965); во класичните јазици: старогрчкиот (Luraghi 2017) и латинскиот (Haspelmath 2019; Kramer 1981). Но, иако диференцијалното локативно обележување се смета за балканска карактеристика, сè уште нема детални описи за нејзината дистрибуција во различни говори. Целта на нашето истражување е да ги анализираме јазичните податоци од ароманските и од другите балкано-романски варијанти (истророманскиот и мегленовлашкиот) за подобро да ја разбереме дијалекталната варијабилност на диференцијалното локативно обележување. Ги анализираме примерите без предлог во јазичните транскрипти од неколку современи аромански варијанти: од Крушево (Gołąb 1984), Охрид и Струга (Марковиќ 2007), како и од Турија/Кранеа (Bara et al. 2005). Нашата компаративна анализа покажува дека дијалектолошката и дијахрониската слика на оваа појава не е униформна. Различни семантички фактори, како што е типот на именката во топонимот (општа наспроти лична) и растојанието до определеното место играат главна улога во употребата на диференцијалното локативно маркирање.
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Copyright © 2014 Blaže Koneski Faculty of Philology, Skopje
Journal of Contemporary Philology (JCP)
Современа филологија