ЛАБИЛНИТЕ ГЛАГОЛИ ВО СОВРЕМЕНИОТ АЛБАНСКИ ЈАЗИК: КОРПУСНО ИСТРАЖУВАЊЕ
ДОИ:
https://doi.org/10.37834/JCP258167mКлучни зборови:
пациентивна лабилност, неактивен залог, лексичка семантика, Албански национален корпусАпстракт
Целта на оваа статија е анализа на употребата на лабилните глаголи во современиот пишан албански јазик, врз основа на Албанскиот национален корпус. Во трудот ги претставуваме нашите согледувања од прелиминарното истражување на осум албански пациентивни лабилни глаголи, коишто припаѓаат на различни семантички групи. Резулатите покажуваат дека овие глаголи се однесуваат различно. Само фазните глаголи filloj ‘почне’ и mbaroj ‘заврши’ доследно покажуваат лабилност. Глаголот за движење lëviz ‘се движи’ се користи како лабилен глагол, но преовладуваат активните непреодни употреби, додека глаголот ziej ‘врие; зоврива; ферментира’ покажува варијација помеѓу неактивните и активните непреодни употреби. Деадјективните глаголи zbardh ‘обели; разјаснува’ и skuq ‘поцрвенува; пржи’ се јавуваат како преодни и како непреодни, но само во нивните основни значења, поврзани со значењето на боја. Глаголот dalloj ‘разликува, истакнува’ првенствено се јавува во активни непреодни форми со реципрочно значење и во морфолошки неактивни форми, во други значења, додека сличниот глагол ndryshoj ‘менува; варира, разликува, истакнува’ се однесува како типичен лабилен глагол со секундарни неактивни употреби.
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Copyright © 2014 Blaže Koneski Faculty of Philology, Skopje
Journal of Contemporary Philology (JCP)
Современа филологија