ВЛИЈАНИЕТО НА ЈАЗИЧНИОТ КОНТАКТ ВО РЕДОСЛЕДОТ НА ПРИДАВКИТЕ И НА ИМЕНКИТЕ ВО СЛОВЕНСКИТЕ ДИЈАЛЕКТИ ВО АЛБАНИЈА
ДОИ:
https://doi.org/10.37834/JCP258141mКлучни зборови:
варијација во редоследот на зборовите, корпуснo истражување, социолингвистика, балкански јазициАпстракт
Во статијата се истражуваат социолингвистичките фактори што влијаат врз редоследот на зборовите во именските фрази во јужнословенските дијалекти во Албанија, со посебен фокус на влијанието на албанскиот јазик. Користејќи ги податоците од Корпусот на словенските дијалекти во Албанија, во истражувањето се анализира варијантноста на позицијата на придавките (пред или по именката) во неколку дијалекти – голобрдски македонски, корчански македонски, преспански македонски и миграциони штокавски дијалекти од Шијак и од Музекија. Анализата покажува дека албанскиот јазик влијае врз зголеменaта употреба на редоследот именка–придавка (ИП) во овие дијалекти, зависно од возраста, полот, видот на населеното место (рурално или урбано) и од типот на заедницата (компактна или дисперзирана). Особено е стабилен конзервативниот редослед придавка–именка (ПИ) во компактните заедници и кај постарите генерации, за разлика од зголемената употреба на албанскиот редослед ИП кај помладите говорители и кај оние во дисперзираните заедници. Влијанието на стандардните словенски јазици се рефлектира врз тенденцијата за зачувување на конзервативниот редослед. Резултатите од истражувањето придонесуваат за подлабоко разбирање на факторите што влијаат на промените во редоследот на зборовите во балканскиот јазичен контекст.
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Copyright © 2014 Blaže Koneski Faculty of Philology, Skopje
Journal of Contemporary Philology (JCP)
Современа филологија