СИНТАКСАТА НА КЛИТИКИТЕ ВО БУГАРСКИТЕ ДИЈАЛЕКТИ ВО ЈАЗИЧЕН КОНТАКТ
ДОИ:
https://doi.org/10.37834/JCP258111iКлучни зборови:
промени од јазичен контакт, романски јазик, закон на Тоблер МусафијаАпстракт
Во статијата се анализираат интерференциските феномени во синтаксата на клитиките во бугарските дијалекти што се во контакт со романскиот јазик во подолг временски период. Во фокусот на анализата се бугарските дијалекти на територијата на Романија, како и специфичниот дијалект на Ново Село во Северозападна Бугарија. Се претпоставува дека романската синтакса и дијалектните особини на македонските доселеници влијаеле врз овој дијалект. Принципите на редоследот на клитиките во реченицата, карактеристични за стандардниот бугарски јазик, се во голема мера зачувани во овие дијалекти. Тоа главно се должи на фактот дека и јазикот давател и јазикот примач припаѓаат на јазици со глаголски ориентирани клитики. Анализата покажува дека во разгледуваните бугарски дијалекти, под влијание на соседните јазици, клитиките можат да заземат иницијална позиција, со што се прекршува законот на Тоблер–Мусафија. Истовремено, поголемиот дел од ограничувањата за иницијалната позиција на клитиките во јазикот давател се покажуваат како ирелевантни.
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Copyright © 2014 Blaže Koneski Faculty of Philology, Skopje
Journal of Contemporary Philology (JCP)
Современа филологија