АНАЛИЗА НА НЕКОЛКУ САСАНИДСКИ ПАХЛАВСКИ ЗБОРОВИ ОД БОИРАХМАДСКИОТ ДИЈАЛЕКТ
ДОИ:
https://doi.org/10.37834/JCP2472047rКлучни зборови:
луриски јазик, Сасанидско Царство, средноперсиски јазик, историска лингвистика, боирахмадски дијалектАпстракт
Уште од доцниот ахајменидски период, Сасанидското Царство го утврдува средноперсискиот јазик како јазик на религијата и на владејачките структури. Широко распространет во Југозападен Иран, овој јазик, којшто е продолжение на староперсискиот јазик и се користеше во записите и во книгите неколку века по исламот, постепено застаре и го изгуби статусот. Денес, со оглед на прецизните научни сознанија за иранските јазици, меѓу кои и за средноперсискиот јазик, и поради деталните проучувања на историската лингвистика, може да се утврдат многу зборови и изрази од тој јазик, зачувани во локалните дијалекти на Југозападен Иран. Меѓу тие дијалекти се боирахмадскиот, мамасанскиот и бахтијарскиот, што припаѓаат на југозападната гранка од иранските јазици и дијалекти, позната како луриска. Овие јазични варијанти се продолжение на старите јазици на Иран, според јазичната еволуција. Во овој труд се истражуваат и се претставуваат неколку зборови од средноперсискиот јазик, зачувани во боирахмадскиот дијалект, којшто се зборува со генерации. Целта на ова истражување е да се утврдат и да се претстават неколку сасанидски пахлавски зборови, коишто се присутни и се користат во боирахмадскиот дијалект, при што се зема предвид, онаму каде што е можно, нивната етимологија и фонетска еволуција од авестискиот и од староперсискиот јазик, сѐ до средноперсиските јазици од сасанидската ера.
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Copyright © 2014 Blaže Koneski Faculty of Philology, Skopje
Journal of Contemporary Philology (JCP)
Современа филологија