МАРГИНАЛНИОТ ГЛАС КАКО ГЛАВНА ФОКАЛИЗАТОРСКА СВЕСТ

(интертекстуалните релации меѓу библиската Дина и Дина од Црвениот шатор на Анита Дајмонт)

Автори

  • Кристина Димовска Institute of Folklore “Marko Cepenkov”, Skopje , Институт за фолклор „Марко Цепенков“, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.37834/JCP2030127d

Клучни зборови:

Библија/Свето писмо, Дина, Црвениот шатор, Анита Дајмонт, хипотекст – хипертекст

Апстракт

Поттикот да се пишува на тема што воспоставува релација меѓу ликот на Дина од Библијата/Светото писмо и нејзината реинтерпретација (претстава, портретизација, реконтекстуализација) во романот Црвениот шатор на Анита Дајмонт, поаѓа од основата да се исцртаат интертекстуалните релации меѓу двата текста. Истражувањето во фокусот ја има теоријата на Жерар Женет за интертекстуалните релации меѓу два и/или повеќе текстa. Во оваа смисла, ликот на Дина од Светото писмо/Библијата се издигнува од безгласен, маргинален лик од хипотекстот (Светото писмо) на ниво на главна фокализаторска свест во хипертекстот (романот Црвениот шатор). За да се појасни трансформацијата и реконтекстуализацијата на Дина како лик (библиски и фикционален/белетристички/романескен), треба да се има предвид интертекстуалното испреплетување меѓу споменатите текстови, но, исто така, посебно внимание се обрнува на релацијата меѓу хипотекстот и хипертекстот. Заклучокот на текстот стреми да упати на следното: ликот на библиската Дина може да се „чита“, односно да се толкува и да се анализира низ варијација на толкувачки призми/интерпретативни стратегии. Меѓутоа, целта во овој текст е да се истражи „комуникацијата“ (интертекстуалното испреплетување или, поправо, „монологот“) меѓу „оригиналната“ и „реконструираната“ Дина и да се согледа како нејзината реинтерпретација фрла ново светло за приказната на еден маргинален лик од Светото писмо.

Преземања

Објавено

2020-06-20

Издание

Секција

Литература

Како да се цитира

“МАРГИНАЛНИОТ ГЛАС КАКО ГЛАВНА ФОКАЛИЗАТОРСКА СВЕСТ: (интертекстуалните релации меѓу библиската Дина и Дина од Црвениот шатор на Анита Дајмонт)”. 2020. Journal of Contemporary Philology 3 (1): 127–136. https://doi.org/10.37834/JCP2030127d.