ВЛИЈАНИЕ НА ПЛОДНОСТА НА ПОЧВАТА ВРЗ ХЕМИСКИОТ СОСТАВ НА ЛИСТОВИТЕ КАЈ ДВЕ СОРТИ ВИНОВА ЛОЗА ВО УСЛОВИ НА ТИКВЕШКОТО ВИНОГОРЈЕ INFLUENCE OF SOIL FERTILITY ON THE CHEMICAL COMPOSITION OF LEVELS IN TWO VARIETIES OF VINEGAR IN CONDITIONS OF TIKVES WINE REGION

Main Article Content

Sandra Milenkovska
Monika Stojanova

Abstract

Испитувано е влијанието на плодноста на почвата врз хемискот состав на листовите кај две сорти винова лоза: кардинал и афус али одгледувани во услови на тиквешкото виногорје. Испитувањата се вршени во текот на 2013 година. Во ноември 2012 година за исхрана на двете сорти винова лоза употребено е арско ѓубриво во количина од 20 тони на хектар. Почвените проби беа земени после бербата одделно за секоја сорта. Почвените проби беа земени на длабочина од 0-20cm, 20-40 cm, 40-60 cm и 60-80cm. Лисните проби беа земени пред бербата. За анализа беа користени долните листови наспроти првиот грозд земени од сите страни на виновата лоза. Утврдено е дека со подобра почвена плодност се карактеризираат почвените проби под сортата кардинал. Кај почвените проби под сортата кардинал просечната содржина на испитуваните елементи изнесува: 6,6 mg/100g почва достапен азот, 14,42mg/100g почва достапен фосфор 25,70 mg/100g. почва калиум и 1,41% хумус. Во лисните проби од сортата кардинал констатирана е повисока содржина на макробиогените елементи азот (2,17%), фосфор (1,80%) и калиум (1,30%), а во споредба со лисните проби од сортата афус али. Повисока содржина на калциум (3,50%) и магнезиум (0,70%) утврдена е во лисните проби од сортата афус али во споредба со лисните проби од сортата кардинал.

Downloads

Download data is not yet available.

Article Details

Section
Articles

References

Avramov L. , Nakalomoc A.,Zunic D .1999 Vinogradinarstvo, Beograd
Burić D. (1985). Savremeno vinogradarstvo. Beograd.
Busić Z., Tomić M., Puljić F., Rakusić D., Kirigija I. (2002). Proizvodnja stolnog grozda. Hrvatski zavod za poljoprivredni savjetodavnu sluzbu. Zagreb
Bergmann W. (1992). Nutritional Disorders of Plants, New York.
Bhargava B. and Chadha K.L. (1988). Developing leaf nutrient Bhargava, B. S. and Raghupathi, H. B. (2001). Soil and plant diagnostic norms of perlette grape. Haryana J. Hort. Sci., 30 (3-4): 165-167.
Dzamić R., Nikolić M., Stiić R., Jovanović Z. (2001). Fiziologija biljaka. Beograd. Hamburg, 29 Aug.-4, Sept., p. 2186.
El-Fouly, M.M.; Fawzi, A.F.A. and Rezk, A.I. (1982). Soil and leaf analysis as a measurement for micronutrients supply and uptake in Grape. Abstract, Vol. II of XXI Inter. Hort. Cong., Likul R. 1985 prakticno vinogradarstvo I podrumarstvo, Zagreb.
Miklauzic Lj. (1989). Ishrana vinove loze I gnojidba vinograda. Zagreb.
Mengel K. (2002). Alternative or Complementary Role of Foliar Supply in Mineral Nutrition, Acta Horticultura, 594: 33-47.
Nakalamic A. i Markovic N. (2009). Opste vinogradarstvo. Poljoprivredni fakultet. Beograd.
Pemovski D. 1981 Lozarstvo ,Skopje Robinson J.B. (1992). Grapevine nutrition. VItic.Vol.2 Practices, Chapter 9. Eds Coombe and PR Adelaide.
Saciragic B.Jekic M. 1987 Agrohemija ,Sarajvo Sala F. and Blidariu C. (2012). Macro and micronutritient content in grapevine cordons under the influence of organic and mineral fertilization. Bulletin UASVM Horticulture, 69 (1), pp.317-324.
Jekic M., Brkovic M ., Dobredoqni V. 1986 Agrohemija sa ishranom biqa . Prisina