ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦАТА СО ИНВАЛИДНОСТ
Апстракт
Вработувањето, односно правото на работа на лицата со инвалидност е последната фаза од долгиот и сложен процес на нивната рехабилитација. Во стручната дефектолошка литература вработувањето е последна фаза од интегрирањето на овие лица во општествената средина.
Според податоците со кои располага Заедницата на заштитни друштва во 2011 година во Република Македонија има:
• 411 заштитни друштва во кои работат 3. 541 инвалидно лице, од кои 3.350 ce инвалиди од сите катергории и 191 трудов инвалид;
• 406 лица работат како трговец поединец или работат кај трговци поединци;
• 971 лице со инвалидност работат во трговски друштва во отворено стопанство;
• 15 лица со инвалидност работат во јавниот сектор; или вкупно 5 339 лица со инвалидност работеле во 2011 година.
Во член 19 став 3 од Законот за работни односи на РМ е утврдено дека “Инвалидот кој е оспособен за одделни работи, ce смета дека има здравствена способност за склучување договор за вработување за тие работи”. Истиот Закон забранува дискриминација на кандидатот за вработување односно работникот по основ на инвалидност и предвидува тужба за надомест на штета поради дискриминација врз основа на инвалидност, при што товарот на докажување дека немало дискриминација паѓа на работодавачот.
Од ова може да ce заклучи дека во Македонија заштитата на лицата со инвалидност во областа на вработувањето ce спроведува, не преку одредување посебно заштитени групи на инвалидни лица, туку преку системот на антидискриминација.
Downloads
Авторски права (c) 2012 Наташа Станојковска Трајковска

Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.