МОРАЛНИ И ПОЛИТИЧКИ ДИМЕНЗИИ НА ХУМАНИТАРНИТЕ ИНТЕРВЕНЦИИ

  • Сергеј Цветковски Филозофски факултет, УКИМ, Скопје
Клучни зборови: ОН, ВНАТРЕШНО-ДРЖАВНИ ВОЈНИ, ХУМАНИТАРНА ИНТЕРВЕНЦИЈА, ХУМАНИТАРНИ КАТАСТРОФИ

Апстракт

Втората половина од минатиот век беше период во кој беа иницирани последици за политичките, моралните и инструменталните аспекти на хуманитарните интервенции. Период обележан со нов тип на војување како што ce асиметричните војни и внатрешно-државни конфликти кои потекнуваат од политика на идентитетот познати уште и како војна од трет вид во која цивилната популација станува главна цел и жртва. Οвα во почетокот на 90-тите години пред меѓународната заедница ќе постави нови предизвици. Што треба меѓународната заедница да стори доколку Советот за безбедност не може да ce согласи да преземе акција за да ce соочи со геноцид масовно и систематско кршење на човекови права?! Неуспесите на Советот за безбедност за справување со хуманитарна катастрофа ce припишуваат на развојот на ескалацијата, на неподготвеноста на Големите мировници да поднесуеаат жртви, на слабите безбедносни регионални организации и нивните способности и недостатокот на консензус за опсегот на суверенитет и за воената интервенција. Главните натпреварувачки правци за клучните димензии на хуманитарната интервенција ce засноваат околу: Статусот на Советот за безбедност на ОН, односот помеѓу големите сили, ефектите на хуманитарната интервенција врз слабите меѓуетнички држави и регионално спроведување на универзалните принципи.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2012-12-14

##plugins.generic.recommendByAuthor.heading##