СТАВОВИ НА РОДИТЕЛИТЕ НА ДЕЦА СО ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ И СТРУЧНИ ЛИЦА КОИ РАБОТАТ СО НИВ ПО ОДНОС НА СЕКСУАЛНО ВОСПИТАНИЕ
Апстракт
Cmaвoвume no прашањето на сексуалноста на лицата со интелектуална попреченост многу бавно и малку ce менуваат. Сексуалноста на овие лица е табу тема и во дневните центри каде ce одвива нивниот третман, но и во нивните семејства. Истражувањето имаше за цел да утврди дали вработените во дневните центри во Куманово, Велес, Битола и Крива Паланка ce подготвени за реализација на активности од подрачјето на сексуалното воспитание. Со истражувањето беа опфатени 64 родители на деца со умерена и тешка интелектуална попреченост и 19 лица вработени во дневните центри кои директно ce вклучени во нивниот третман. И двете групи испитаници сметаат дека активностите од областа на сексуалното воспитание треба да ce применуваат, но како предуслов треба и вработените во дневните центри и родителите да поминат обуки за imena примена. Како дополнителен проблем е недостатокот на нагледни средстеа
за реализација на овие активности.
Downloads
Авторски права (c) 2016 Наташа Станојковска Трајковска

Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.