ПРАКТИКИ ВО РАНАТА ИНТЕРВЕНЦИЈА БАЗИРАНИ НА ДОКАЗИ

##plugins.pubIds.doi.readerDisplayName##: https://doi.org/10.37510/godzbo1972489kr
Клучни зборови: РАНА ИНТЕРВЕНЦИЈА, ТРАНСДИСЦИПЛИНАРЕН ПРИСТАП, ПОЛИТИКИ ЗА ПОПРЕЧЕНОСТ, КВАЛИТАТИВНА МЕТОДОЛОГИЈА

Апстракт

Владата на Република Северна Македонија, со потпишувањето на
Конвенцијата за правата на детето, се обврза да обезбедува грижа и образова-
ние за деца со развојни заостанувања. Сепак, центрите за рана интервенција
во Северна Македонија не ги исполнуваат секогаш предусловите за олеснување
на пристапот и грижата за децата со развојни попречености или заостанува-
ња. Во САД услугите за мали деца, од раѓање до три години, се наречени услу-
ги за рана интервенција (РИ) или дел Ц услуги од законот ИДЕА. Кога дете-
то ќе наполни три години (и сè до неговата/нејзината 21 година), образовни-
те услуги се обезбедуваат преку дел Б од законот ИДЕА. РИ се фокусира на
услуги насочени кон семејството, индивидуално планирани образовни програ-
ми и специјализирани наставни пристапи.
Главната цел на оваа студија беше да се истражи системот за РИ во
САД, како и спроведувањето на политиките во практиката. Посебната цел
беше поврзана со идентификување на позитивните практики и политики
кои можат да се применат во интернационален контекст. Беше употребена
квалитативна истражувачка методологија со неригидени натуралистички
дизајн. Како истражувачка алатка беше користена квалитативна анализа на
содржина. Оваа статија содржи квалитативен приказ на трудови во следниве
области: историски трендови во РИ; актуелни трендови во РИ; модели за ис-
порака на услуги; трансдисциплинарен пристап во РИ; и подучување на се-
мејствата во рамките на РИ.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2019-12-16