ЦИВИЛНО-ВОЕНА КООРДИНАЦИЈА ВО ХУМАНИТАРНИТЕ АКТИВНОСТИ
Апстракт
Воената координација во последниве декади се соочува со голем број сло-
жени и често меѓусебно поврзани предизвици, вклучувајќи ги зголемено при-
менетите меѓународни интервенции во кревките држави погодени од кон-
фликт, порастот во зачестеност и обем на природни катастрофи, како и
брзата пролиферација на „хуманитарни“ актери, вклучувајќи ги и невлади-
ните организации, непрофитните организации и приватниот сектор. Деба-
тите околу цивилно-воената координација имаат тенденција да се фокуси-
раат на концептуални прашања, со недостаток на анализи за тоа како рела-
цијата функционира на практично ниво и, што е позначајно, како оваа врска
влијае на хуманитарниот исход за популацијата која има потреба од хума-
нитарна помош и заштита. Во истражувањето на цивилно-воената коорди-
нација, авторот е воден од следниве прашања: како можат хуманитарните и
воените актери да се ангажираат поефикасно и стратегиски еден со друг?;
што можат тие реално да очекуваат еден од друг?; и дали постоечките рам-
ки за цивилно-воена координација (на политичко, стратегиско и оперативно
ниво) се доволни и дали одговараат на целта? Одговорите на овие прашања ќе
бидат важен чекор во обезбедувањето поконструктивни и ефективни ци-
вилно-воени односи на стратегиско, оперативно и тактичко ниво.
Downloads
Авторски права (c) 2019 Сергеј Цветковски
Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.