МОЖНОСТИ ЗА ЕФИКАСНА ЗАШТИТА ОД БИОЛОШКОТО ОРУЖЈЕ

  • Ванчо Кенков Филозофски факултет, УКИМ, Скопје
##plugins.pubIds.doi.readerDisplayName##: https://doi.org/10.37510/godzbo1972314k
Клучни зборови: БИОЛОШКО ОРУЖЈЕ, БИОЗАШТИТА, ВИРУЛЕНТНОСТ, ПРОФИЛАКСА, ИМУНИЗАЦИЈА

Апстракт

Иако со микрометарска величина, биолошкото оружје употребено ка-
ко акт на биотероризам претставува глобална опасност. Сè повеќе како мер-
ка на безбедност, се размислува за можноста на употреба на биолошкото
оружје како средство на субверзивна активност отколку како средство на
отворено војување. Современата бактериологија овозможува повисоко ниво на
техники за создавање нови смртоносни агенси за биолошко војување. Меѓуна-
родните забрани за производство и употреба на биоагенси не се доволна га-
ранција и заштита од евентуална употреба на таквите агенси во една идна
тотална војна, ниту, пак, се пречка за употреба во терористички цели.
Тука, се поставува прашањето за можностите за остварување целосна заш-
тита изразена низ формите на биоодбрана и биобезбедност. Во овој труд е
систематизиран обид да се испита (не)оправданоста на ужасувачкиот страв
од модерните технологии на генетски инженериг и можностите за производ-
ството на нови, поопасни агенси. Резултатите укажуваат на релативно
смирувачки/утешителни ставови во биомедицинската заедница за прера-
ната, но, сепак, реална можност за едно апокалиптично сценарио како по-
следица на употребата на биоагенси. Во прилог на таквите ставови говорат и
научните податоци за релативната ефикасност на постоечките постапки
за откривање на агенсите и згрижувањето на загрозените/заразените субјек-
ти врз кои би се примениле антибиотско лекување, терапии засновани на
пасивни антитела и мерки на профилакса.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2019-12-16