Р. С. МАКЕДОНИЈА И ЗНБП НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА: ДОСТИГНУВАЊА И ПРЕДИЗВИЦИ

  • Горан Зенделовски Филозофски факултет, УКИМ, Скопје
##plugins.pubIds.doi.readerDisplayName##: https://doi.org/10.37510/godzbo1972293z
Клучни зборови: ЕУ, ЗНБП, ССА, МАКЕДОНИЈА

Апстракт

Улогата и влијанието на ЕУ како глобално-регионален актер во сфера-
та на мирот и безбедноста ја детерминираат три главни фактори: 1) капа-
цитети (институционален, материјален, човечки, оперативен и финан-
сиски) за преземање мисии; 2) подготвеност за насочување на ресурси за без-
бедносни и одбранбени цели, пред сè, согласно со приоритетите на земјите-
членки; и 3) прифаќањето на ЕУ, (внатрешно и надворешно) како сериозен
актер во мирот и безбедноста. Во изминатите три децении, институцио-
налната рамка за безбедност и одбрана на ЕУ, беше постојано надградувана и
развивана. Почетоците на овој процес се воспоставени со Договорот од Мас-
трихт (1992), кој ја воспостави Заедничката надворешна и безбедносна поли-
тика (ЗНБП) на Унијата. Со стапувањето во сила на Спогодбата за стаби-
лизација и асоцијација во 2004 година, Р.С. Македонија и официјално ја пот-
врди определбата за приближување кон целите на ЗНБП. Трудот го анализи-
ра процесот што го реализира Р. Македонија на овој план. Исто така, тру-
дот ги анализира и предизвиците со кои се соочува Р.С. Македонија во однос
на ова прашање.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2019-12-16