ПРИЈАТЕЛСКА КОНКУРЕНЦИЈА – ГРЧКО-СРПСКИТЕ ОДНОСИ И ОСМАНЛИСКА МАКЕДОНИЈА ВО ОСУМДЕСЕТТИТЕ ГОДИНИ НА 19 ВЕК

  • Далибор Јовановски Филозофски факултет, УКИМ, Скопје
##plugins.pubIds.doi.readerDisplayName##: https://doi.org/10.37510/godzbo1972121j
Клучни зборови: ГРЦИЈА, СРБИЈА, МАКЕДОНИЈА, ПРЕГОВОРИ, ИНТЕРЕСНИ СФЕРИ

Апстракт

Целта на овој прилог е да ги прикаже контактите помеѓу двете бал-
кански држави – Србија и Грција и нивниот правилен обид да се да постигне
договор за поделба на османлиска Македонија на интересни сфери. Разговори-
те на двете држави, кои имале и сојузнички договор од 1867 година, се воделе
на неколку нивоа. Официјално, помеѓу дипломати и политичари, но и неофи-
цијално помеѓу дипломати и интелектуалци. Иако во Грција се сметало де-
ка со Србија би можел да биде постигнат некаков договор околу Македонија,
имајќи ја предвид послабата позиција на српската страна, првичните согле-
дувања од истражувањата покажуваат дека тоа било многу тешко. Двете
страни имале аспирации кон ист регион. Во Атина, на почетокот се смета-
ло дека српските аспирации не се однесувале кон оние делови од Македонија
кон кои Грција имала аспирации, но многу брзо се покажало дека интересите
на Србите навлегувале многу појужно од грчките очекувања. Од друга страна,
во Белград биле свесни дека српските интереси не би биле оставрени доколку
немале некаков договор со Грција. Двете страни биле пријателски настроени
една кон друга, но интересите им биле различни и конкурентни.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2019-12-16