Professori Ljubinkae Basotovae IN MEMORIAM
Апстракт
Годинава, поточно на 18 јуни 2020, почина проф. д-р Љубинка Басо-
това, редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје, истакнат
класичен филолог, педагог, научник и еминентен преведувач од класични-
те јазици. Во прилог на споменот на нејзиниот навистина добро исполнет
живот и сестрана професионална кариера, накусо да се потсетиме на при-
донесот и влогот што проф. д-р Љубинка Басотова го направи во македон-
ската научна, културна и образовна заедница со своите многубројни дела,
научни трудови, преводи, препеви и учебници, како и со својот наставно-
педагошки ангажман. Иако фокусните точки во кои се реализираше и ма-
нифестираше нејзиниот врвен интелектуален капацитет се главно науч-
ната, преведувачката и наставната дејност, а тие и по својата природа, но и
особено во нејзиниот случај, неминовно и нужно се испреплетуваат и на-
дополнуваат на најдобар можен начин, проф. Басотова поседуваше и еру-
диција и ентузијазам посветено и успешно да придонесува и во други оп-
штествени активности. Тажниот повод и традицијата налагаат да се зад-
ржиме најпрвин на вообичаените факти од професионалниот животопис
на професорката.
Downloads
Авторски права (c) 2020 Весна Димовска
Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.