ОБЕДИНУВАЧКАТА МОЌ НА ЛОГОСОТ: Кон животот и делото на проф. д-р Виолета Панзова

##plugins.pubIds.doi.readerDisplayName##: https://doi.org/10.37510/godzbo2073523d

Апстракт

Веројатно секоја личност што имала можност да ја почувствува нај-
благородната страна од процесот на образованието, неговото обликувачко
и поттикнувачко влијание во процутот на човечките потенцијали на инди-
видуата, е способна, макар и интуитивно, да го долови длабинското, фи-
лозофско значење на поимот учител, според кое тој не означува единстве-
но професионална, туку првенствено духовна категорија. Имено, учителот
е оној што, низ зборови и низ дела, ни ја открива вистинската смисла на
бескрајниот процес на учењето, сфатено како процес на саморазвој и са-
моактуализација, како осознавање на неповторливиот онтолошки „дар на
себството“ и негово негување кон постигнувањето на оптималната форма
за која е способно. Тоа е процес втемелен врз стекнување знаења од разли-
чен вид, но секогаш инспириран од етичкиот стремеж кон доброто, и на-
сочен кон воспоставувањето на деликатната рамнотежа меѓу сопствената и
туѓата перспектива.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2020-12-16