СЕОПФАТЕН МОДЕЛ НА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ ВО ПРЕВЕНТИВНА УРБАНА БЕЗБЕДНОСТ
Апстракт
Во последниве декади фреквенцијата на природни и антропогени несреќи
е зголемена ширум светот. Големата непланирана експанзија на градовите за
приспособување на брзиот раст на популацијата, комбинирана со непланирана
употреба на теренот и неуспехот на градските власти да ги регулираат гра-
дежните стандарди придонесува за ранливост на урбаното население. Авторот
се обидува да укаже на потребата од примена на сеопфатен модел на Заштита
и спасување затоа што досегашните модели и концепти се ограничени во зада-
чите кои теоретски концептуално ги вклучуваат како и во временските фази
во кои делуваат во однос на случувањето на несреќата. Решението е во сеопфат-
ниот модел на Менаџмент на цивилната одбрана со вонредни состојби, чија
проценка на бројни ризици од несреќи, се однесува на процес на идентификување
на случувањето, веројатноста и претпоставката за потенцијална опасност од
различен вид на несреќи во рамките на општа просторна и временска рамка на
градовите.
Downloads
Авторски права (c) 2020 Сергеј Цветковски
Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.