ТРАНЗИЦИСКАТА ПРАВДА: КОНЦЕПТ СО РАЗЛИЧНИ ЛИЦА

##plugins.pubIds.doi.readerDisplayName##: https://doi.org/10.37510/godzbo2073261v
Клучни зборови: ТРАНЗИЦИСКА ПРАВДА, ТРАНЗИЦИЈА, ДЕМОКРАТИЗАЦИЈА, ГРАДЕЊЕ МИР, ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО, ЛИБЕРАЛИЗАМ

Апстракт

Транзициската правда е релативно нов концепт чии теориски, академ-
ски и практични фундаменти сѐ уште се во фаза на утврдување, но и предмет
на контроверзии. Овој труд прави обид за расветлување на суштината на пара-
дигмата на транзициската правда, особено во дијалог со концептите што ја де-
терминираат: транзицијата, правото и правдата и градењето на мирот по
завршување на конфликтите или авторитарните режими. Тргнувајќи од исто-
риско-политичкиот контекст во кој се создава поимот на транзициска правда,
трудот се фокусира на потеклото на терминот, неговата еволуција, како и
значењето и дилемите при имплементацијата на механизмите низ коишто се
остварува. Трудот прави критички осврт на очекувањата од транзициската
правда, кои неретко се и нереални, како и на механизмите коишто недоволно
задираат во причините, а се фокусираат на „лечење“ на последиците од внат-
решните конфликти и авторитаризмот. Клучната хипотеза е дека транзи-
циската правда е чедо на либералната парадигма, односно во практиката повеќе
се користи за промоција на политичка и економска идеологија одошто со обез-
бедувањето услови за траен и позитивен мир.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2020-12-16