КОБНИОТ СОВЕТ НА АГЕЛАЈ
Апстракт
Во славниот говор одржан за време на преговорите во Навпакт, Агелај ме-
ѓу останатото го советува Филип V да го сврти вниманието кон Запад и борба-
та меѓу Рим и Картагина. Сличноста со советот што на кралот претходно
му го дал Деметриј од Фарос е причина за сомнеж во нивната автентичност.
Тоа што советот му го припишува на еден Ајтолец не може да се земе како ар-
гумент во полза на неговата автентичност, туку напротив, се вклопува во ге-
нерално негативната слика за Ајтолците во овој период што ја дава Полибиј.
Иако не може со сигурност да се утврди неговата автентичност, барем од ис-
ториски аспект тоа и можеби не е толку важно зашто идните постапки на
Филип V покажуваат дека тој немал големо влијание врз одлуката за склучува-
ње на мирот во Навпакт.
Downloads
Авторски права (c) 2020 Стефан Пановски
Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.