БАВНОТО ОТКРИВАЊЕ НА МАКЕДОНЦИТЕ

  • Далибор Јовановски Филозофски факултет, УКИМ, Скопје
##plugins.pubIds.doi.readerDisplayName##: https://doi.org/10.37510/godzbo2073113j
Клучни зборови: НАРОД, ЈАЗИК, МАКЕДОНСКИ СЛОВЕНИ, МАКЕДОНЦИ

Апстракт

Постојаното тврдење, дури и во 21 век, дека Македонците се измислена
нација од страна на Коминтерната и Титова Југославија, налагаат истражува-
ња со цел да се покаже дека формирањето на македонската нација воопшто не
било решение на една интернационална левичарска организација, туку дека тоа
е еден природен процес, сличен како и кај другите нации во регионот. Блискоста
на македонскиот со бугарскиот, а делумно и со српскиот јазик воопшто не е ар-
гумент за негирање на постоењето на македонскиот како посебен јужнословен-
ски јазик. Кон крајот на 19 и почетокот на 20 век, борбата која ја поведе Маке-
донската револуционерна организација за создавање автономна македонска
држава предизвика огромен интерес кај дипломатите, политичарите, новина-
рите и интелектуалците во Европа, но и во САД. Како резултат на тој инте-
рес излегоа многу студии и памфлети поврзани со Македонија и можното реша-
вање на македонското прашање. Навидум, тезите на науките од некои соседни
земји одат во нивен прилог, но сепак внимателното истражување покажува не-
што сосема спротивно. Имено, многумина забележале дека македонското сло-
венско население воопшто не било ниту бугарско ниту српско, туку еден посе-
бен јужнословенски народ присвојуван од соседите. Исто така, како на пример
во САД, каде имало право на слободно декларирање на националното чувство,
дел од македонските емигранти се изјасниле така како што се чувствувале, од-
носно како Македонци.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2020-12-16