УЧЕЊЕТО ЗА БОГОВИТЕ ВО ОНТОЛОГИЈАТА НА НУМЕНИЈ
Апстракт
односно трите бога, во неговиот онтолошки систем. Во релација со изворното
учење за трите бога накратко е споменат проблемот на неговата теориска ин-
клинација кон Истокот, особено кон јудаизмот. Наведени се главните поенти
од онтолошката заднина на поставувањето и карактеристиките на боговите
– со поставувањето на Бог и Материјата, претпоставената хиерархизација на
божественото според функциите, и статусот на демиургискиот принцип. За-
тоа, односот меѓу Првиот Бог и Вториот Бог, и можната поделеност на Пр-
виот, или, поверојатно, Вториот Бог во два бога се разгледани низ соодветните
примери од сочуваните фрагменти од делата на Нумениј.
Покажана е дистинкцијата меѓу Првиот Бог, едноставен, самотен и фо-
кусиран на себеси, и Бог кој е поделен на Втор и Трет Бог, односно космосот ка-
ко производ на Вториот Бог. Идеите за поделеноста на Бог од страна на Мате-
ријата се накратко изложени, како и идеите за еквиваленцијата на Врховниот
(Првиот) Бог со Доброто, и примањето на добрината од страна на Демиургот.
Разгледани се тврдењата според кои може да се смета дека Првиот Бог,
принципот на постоењето, владее со (сферата на) битието, а Вториот Бог,
пак, со подрачјето на настанувањето. Површно се разгледани разлозите за сло-
женоста на теолошката концепција на Нумениј, и начините според кои кон-
фузијата би можела да биде надмината.
Downloads
Авторски права (c) 2020 Марија Тодоровска
Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.