ТОТАЛНА ВОЈНА

  • Сергеј Цветковски Филозофски факултет, УКИМ, Скопје
##plugins.pubIds.doi.readerDisplayName##: https://doi.org/10.37510/godzbo2477391c
Клучни зборови: војна, тотално, ограничено, ресурси, општества

Апстракт

Тоталната војна продолжува да биде тема на дебати и истражувања
во модерните конфликти. Технолошките пронајдоци и заемната поврзаност
на глобалната заедница го засилуваат ефектот на последиците од војувањето.
Преиспитувањето на тоталноста на современите вооружени конфликти
го правиме низ анализа на достигнувањето и нивото на уништување кои
поставуваат нови етички, легални и политички предизвици. Авторот одговара
на прашањата за: длабоките психолошки и политички импликации кои се
протегаат подалеку од бојното поле кое се пренесува во длабочина и го опфаќа
севкупното (глобално) општество. Дефинирањето на тоталната војна ја
правиме низ критериумите на: намерно таргетирање цивили, цивилни ресурси
и инфраструктура и цврстата контрола на однесувањето на населението низ
инсталирање страв, омраза и трауми; низ политичкиот обид преку војната
да се добие и да се зацврсти поддршка кај народот, повлекувајќи дебати за
цивилните слободи и ерозија на демократските принципи; третманот на
заробениците и масовните егзекуции на противничките но и сопствените
недоволно мотивирани сили и идеолошко неподобно население; и евентуално
катаклизматично сценарио на употреба на атомското оружје. Во анализата се
потенцираат сложените улоги на традиционално неборбените категории и но-
вите технологии и доктрини и нивното влијание на тоталноста на војувањето.
Останува ставот дека тоталната војна е идеален концепт, но и неодговорено-
то прашање доколку постојат атипичности на тој концепт која е отстап-
ката од реперот за тоа колку се војната и составните елементи ограничени
наместо тотални. Истражувањето заклучува дека тоталната војна ги менува
културите, геополитичките прикази и меѓународните односи и дека нејзиното
наследство го менува курсот на историјата за следните генерации.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2024-12-25