СТРАТЕШКАТА КОНКУРЕНЦИЈА ПОМЕЃУ ГОЛЕМИТЕ СИЛИ ВО СОВРЕМЕНОТО БЕЗБЕДНОСНО ОПКРУЖУВАЊЕ
Апстракт
Разликата во ставовите, интересите и влијанијата на големите сили
придонесе за поголема несигурност и страв за иднината на народите и на др-
жавите. Во изминатата деценија ревизионистичките и автократските земји
како што се Русија и Кина настојуваат да го преместат тежиштето од Запад
кон Исток и да изградат „постзападен светски поредок“ кој ќе го преобликува
светот спротивно од американските вредности и интереси. Во овој нов период
на транзиција, кој наликува на времето од Студената војна, повторно се нагла-
суваат традиционалните безбедносно-воени прашања за балансот на силите,
трката во вооружување, борбата за територии и зајакнување на алијансите.
Можната конфронтација помеѓу големите сили, каде што Соединетите Аме-
рикански Држави сè уште се водечка сила во светот, додека НР Кина е втората
економска и воена сила, а Русија е една од двете најмоќни нуклеарни сили, може
да ја загрози глобалната и регионалната безбедност и стабилност.
Заостреното геополитичко ривалство меѓу „големата тројка“ ќе ги зго-
леми тензиите во нивните сфери на интерес, односно, во регионите и во земјите
што се наоѓаат на стратешките линии на раздвојување. Фокусот на внима-
нието е насочен кон Источна Европа и кон Индопацифичкиот Регион кои се од
огромно геостратешко значење за големите сили и нивните алијанси. Поради
историската поврзаност со овие „ексклузивни зони на интерес“, постои мож-
ност досегашната „конкурентна коегзистенција“ да прерасне во интензивно
безбедносно ривалство помеѓу нив.
Downloads
Авторски права (c) 2024 Горан Зенделовски
Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.